Доменико Долче и Стефано Габана ни ги откриваат тајните на добрата мода и стилот

Доменико Долче и Стефано Габана ни ги откриваат тајните на добрата мода и стилот

Италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана создаваат прекрасна облека и модни додатоци повеќе од 30 години. Тие направија вистински моден тренд од парчиња облека како фустанчиња со срцевидни корсети, искинати фармерки и фустанчиња кои личат на долна облека. Сите нивни колекции стануваат желба за секоја жена ширум светот. Женската сексуалност и сензуалност е нивната инспирација за целата таа облека која остава без зборови. Па, што можат да ни кажат Долче и Габана околу тоа како да го пронајдеме стилот што најмногу би ни одговарал? Ова се нивните совети кои секоја жена мора да ги прочита…

Доменико Долче и Стефано Габана ни ги откриваат тајните на добрата мода и стил

Нашето прво правило е дека нема правила. Слободата е најважното нешто. Секој човек треба да ја носи само онаа облека која го прави среќен. Она за кое ние сонуваме е да им помогнеме на сите жени да ја најдат нивната сопствена убавина и чувство на леснотија.“

Една ситница може да создаде цела слика. Кој жив на светот се сеќава денес на чантата на Софија Лорен? Но, сите се сеќаваат на нејзините фустани со длабоки деколтиња! Треба да постои некој детаљ кој ќе ја открива вашата личност преку облеката. Тоа може да биде нешто сосема обично, но треба да го одликува вашиот личен стил и луѓето ќе го поврзуваат само со вас.“

Облеката влијае на секој аспект од нашиот живот, од нашата смисла за хумор до нашата слика за себе. Жените сакаат да бидат како принцези од бајките. Тие сакаат да носат луксузни црвени фустани и круни. Ние сакаме луѓето секогаш да изгледаат привлечно, затоа што кога луѓето го ценат вашиот изглед, вашата самодоверба значително се зголемува. Нека ова чувство постојано биде со вас.“

Убавата долна облека е основниот клуч за сексуалноста. Кога носите добра долна облека, му искажувате почит на вашето тело. Првото нешто што го правиме е ги облекуваме нашите модели во долна облека од сатен и свила. Невозможно е да сретнете жена од јужна Италија која не носи градник. Никогаш не се случило тоа.“

Секоја жена треба да има мал црн фустан и неверојатни модни додатоци кои ќе го претворат нејзиниот изглед во нешто посебно и забележливо. Тоа може да бидат пар чевли со високи потпетици, екстравагантна плик чанта или Miss Sicily рачна чанта за секојдневен изглед.“

Доменико Долче и Стефано Габана ни ги откриваат тајните на добрата мода и стил

Не ги следете слепо модните трендови – барајте работи што ви одговараат. Поважно е да го пронајдете вашиот личен стил отколку да бидете модерна личност. Модата е вештачка. Кога навистина ги цените работите што ги носите, вдахнувате живот во нив.“

Корсетот е најсензуалното и најелегантното парче облека кое го покажува вашето тело во најдобро светло. Корсетите ќе направат да изгледате како да носите барем еден број помал. Тој го обликува вашето тело така што тоа изгледа совршено. Не е ни чудно што фустаните ‘Sicillian widow’ се едни од најпрепознатливите наши креации. Овие фустани прават вашиот струк да изгледа послаб, градите подигнати, а колковите позаоблени.“

Зависта никогаш нема да ве направи подобри. Треба да знаете да ги цените другите и да можете да продолжите понатаму. Понекогаш гледаме во стари фотографии и не ни се допаѓа она што го гледаме. Не се вознемирувајте поради тоа, тоа само значи дека станувате подобри.“

Правило број еден е да бидете самоуверени и природни. Можете да бидете секси само по едноставна бела маичка. Клучот лежи во вашето однесуваше, поглед и гестикулации, а не во вашата облека. Носете се како Наоми, Клаудија, Жизел или како некои други супермодели. Вашиот ум и тело се меѓусебно тесно поврзани, така што вашиот ум е најважното нешто.“

Не мора да бидете совршени за да бидете убави. Само една особина може да направи да изгледате неверојатно секси. Јас обожавам необични и различни карактеристики. На пример, жени со големи носови. Носот го открива карактерот. Многу жени би сакале да ги преобликуваат нивните носови, но јас лично им се восхитувам.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар