Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

Некои стари трикови за дентална хигиена не само што се економични туку се и многу здрави за вас. Домашно изработената паста за заби не чини многу и е лесна за правење, а ќе ги направи вашите заби совршено бели и притоа ќе го освежи вашиот здив и ќе ви помогне во борбата против кариес.

Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

Потребни состојки:
  • 100 грама сода бикарбона
  • 120 милилитри масло од кокос
  • 30-40 капки есенцијално масло од нане
  • 1 пакетче прашок стевија
Начин на подготовка:

Доколку маслото од кокос е густо, ставете го неколку секунди во микробранова додека не се стопи. Ставете ги сите состојки во длабок сад и мешајте темелно додека целосно не се спојат. Потоа сипете ја мешавината во тегла и цврсто затворете ја. Домашно изработената паста може да трае и до 6 месеци без да биде сместена во фрижидер.

Зошто оваа паста за заби е ефикасна?

1. Сода бикарбоната има долга историја како чистач на заби. И покрај тоа што има репутација како продукт кој е премногу груб, реалноста е дека е помека од голем број комерцијални пасти за заби. Таа исто така се бори против забниот камен, ги убива бактериите кои создаваат гингивитис и ги уништува темните дамки.

2. Кокосовото масло можеби ви изгледа како необична состојка за борба против кариес, но студиите откриле дека овој природен антибиотик кој истовремено е и антибактириски е одличен при одржување на цврстината и здравјето на забите.

3. Маслото од нане нема никакви здравствени придобивки, но ѝ овозможува на пастата да има студен и освежителен вкус.

4. Стевијата е големо изненадување. Таа истовремено го подобрува вкусот без додавање на шеќер, има антибактериско дејство и се бори против забниот камен. Кој би рекол?

Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

За овој едноставен рецепт кој го подобрува денталното здравје потребни ви се само неколку минути за да го направите, а ќе ви трае со месеци. И покрај тоа што оваа паста за заби е добра за повеќето луѓе, сепак не се препорачува за оние со премногу чувствителни заби.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар