Домашната лисица Џунипер повторно ќе ви го разубави денот
Се сеќавате ли на домашната лисица Џунипер која се однесува како кученце? Џунипер е 2-годишна лисица која има над 2 милиони фанови на Инстаграм. Со нејзината сопственичка, Џесика Кокер, живеат во Флорида со куче по име Мус, млада машка лисица по име Фиг и два шеќерни летачи по име Петунија и Пич. Исто така имаат и неколку влекачи.
Џесика отсекогаш ги сакала животните и сега сака да направи и свое засолниште.
Лисиците Џунипер и Фиг не се од дивината. Овој вид лисици се одгледуваат во заробеништво веќе 150 години за нивното крзно. Обично овој вид лисици не живеат во дивината поради нивната генетска разлика и питомото однесување.
Џесика не препорачува дека лисицата е домашно милениче за секого. Иако многу наликуваат на мачиња и кучиња, сепак се малку подиви и се однесуваат како диви животни.
Џунипер најчесто спие со Џесика. Во текот на ноќта е внатре и повеќе сакала да шета низ домот и да истражува додека Џесика спие.
Продолжува на следната страница…