Дом за поранешни проститутки во Мексико
Дали некогаш сте се запрашале што се случува со проститутките кога ќе остарат? Францускиот фотограф Benedicte Desrus поминал 6 години во Casa Xochiquetzal во Мексико Сити каде 26 поранешни проститутки на возраст од 55 до 86 години ја минуваат нивната старост.
Приказната на овие жени е насловена како Las Amorosas más bravas, или „Најхрабрите љубовници“. Сите жени од овој дом носат различни животни приказни и искуства. Една од нив станала проститутка откако ги оставила мажот и децата не можејќи веќе да го поднесе семејното насилство. Друга пак, избегала од дома на 9-годишна возраст за на 17 години да почне да работи како проститутка. Има и такви кои иако живеат во старечкиот дом, сè уште работат на улиците.
Ова место било отворено во 2006 откако Кармен Муноз, и самата поранешна проститутка, се изборила за правата на овие жени да бидат згрижени на старост. Како замена за тоа што добиваат храна и покрив над глава нивната задача е да го одржуваат домот. Но, заедничкиот живот на овие жени не е лесен. Тие се навикнати да се гледаат како конкуренција борејќи се за клиенти, а сега мора да научат да живеат заедно и да делат сè.
Погледнете го животот на жените во овој дом низ слики.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.