Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе

Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе

Браво за напредокот на технологијата и браво за оние кои знаат да ја употребат за вистински важни цели. Докторите во болницата за деца „C.S. Mott“ во Мичиген испечатиле пластична 3Д направа и ја поставиле врз душникот на бебето Каиба, кое имало проблем со пренесување на воздухот до левиот бел дроб.Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе

„Неколку доктори рекоа дека постојат добри шанси да не си замине од болницата живо“, вели мајката на бебето кое пати од сериозната болест трахеобронхомалакија, што предизвикува колапс на бронхиите.

Едно од 2.200 бебиња се раѓаат со оваа болест, која повеќето деца ја надминуваат после втората или третата година, но често е погрешно дијагностицирана како астма и притоа несоодветно се лекува.

Неговите родители првпат забележале дека престанало да дише кога имало само 6 недели. Очајни за решение, во февруари минатата година, докторите итно изработиле 3Д имобилизатор и хируршки го сошиле со душникот на детето.

„Беше неверојатно. Штом го поставивме имобилизаторот, белите дробови почнаа да се придвижуваат нагоре-надолу и веќе знаевме дека ќе биде во ред“, вели професорот од Универзитетот во Мичиген д-д Глен Грин, кој е креатор на ова решение заедно со неговиот партнер д-р Скот Холистер.

Направата овозможува после 2-3 години душникот да се реобнови и да дојде во здрава состојба. За тоа време материјалот ќе се разложи во телото.

Одлично е што новата технологија се користи и за хумани цели. Каиба Џионфридо е жив благодарение на технологијата на 3Д печатење. Тој сега има скоро 19 месеци. Тоа е истовремено многу кул, многу благородно и ветувачки за иднината.Доктори со 3Д печатач го спасиле животот на 3-месечно бебе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар