Доколку сакате вашите цвеќиња да траат подолго, чувајте ги во млака вода

Доколку сакате вашите цвеќиња да траат подолго, чувајте ги во млака вода

Секој сака цвеќето во вазната да трае што подолго, пред сè затоа што тоа го разубавува просторот. Основно правило кога купувате цвеќе е добро да го погледнете дали е свежо, што лесно може да се забележи по неговиот изглед. Потоа, вазната во којашто ќе го чувате треба добро да ја измиете и да ја наполните со една третина вода. Пред да го ставите цвеќето во вазната, потребно е да почекате таа да добие собна температура.

Исто така важно е од цвеќето да ги отстраните долните листови, за да се спречи нивното гниење. На овој начин се отстранува и материјата којашто го спречува отворањето на пупките. Секое стебло треба да го скратите од еден до два сантиметри и тоа под водата, за да не навлезе воздухот во спроводниците и на тој начин да го отежни протокот на водата до пупките.

Сепак, количината на водата зависи од видот на цвеќето во вазната. Ружите, каранфилите и хризантемите сакаат повеќе вода, додека пак на лалињата и герберите им е доволно да биде наполнета и третина од вазната. Водата на герберите треба да им се менува секојдневно, додека пак, на лалињата треба само да се дополнува. Препорачливо е повремено да ставате аспирин во вазната, за да се спречи создавање бактерии коишто ќе предизвикуваат гниење на стеблата.

Што се однесува пак до ружите, тие се сметаат за едни од најубавите цвеќиња кои постојат. Па, при купувањето одберете ружи коишто имаат убав, здрав, зелен и цврст лист, цврст цветен врат и цвет во јасна боја. Пред да ги ставите во вазна, ружите треба да ги потопите со млака вода којашто претходно е загреана до 40 степени и во истата да ги држите 15-20 минути. Водата, којашто треба да биде прво варена, па потоа изладена, треба да ја менувате секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар