Доколку одговорите точно на овие 5 прашања, вие сте генијалец!

Доколку одговорите точно на овие 5 прашања, вие сте генијалец!

Доколку сакате да откриете дали сте генијалец, доволно е да одговорите точно на овие неколку прашања. Барем така тврдат Роберт Стритер и Роберт Хоен, авторите на книгата за откривање генијалци. Со среќа!

Доколку одговорите точно на овие 5 прашања, вие сте генијалец!

1. Разместете ги следниве букви така што ќе добиете име на живо суштество:

СРТОИ

2. Четири личности можат да изградат четири чамци во четири дена. Колку време му е потребно на еден човек да изгради еден чамец?

3. Тестирајте го сеќавањето: Три мажи, нивните сопруги и вдовец еден ден на пладне со автомобил отишле на излет. По поминати 5 километри, виделе двајца мажи и дете во друг автомобил кој се расипал. „Тоа е лоша среќа“, рекол еден од оние кои отишле на излет. Во точно 1 часот тие стигнале на својата дестинација каде што виделе само еден домар со една рака и неговиот син. Тие веднаш седнале на ручек кој се состоел од сендвич, зеленчук и торта. Прашање: Колку луѓе се спомнати во овој текст?

4. Што е потешко, млекото или павлаката?

5. Доколку часовникот застанува по една минута на секои 10 минути, колку време би ѝ требало на стрелката на направи еден час?

  • Одговори:

    1. Ристо, Сотир

    2. 4

    3. 13

    4. Млекото, бидејќи павлаката испливува на површина

    5. 65 минути

Колку од овие прашања погодивте? Споделете со нас во коментарите…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Toni Reply

    Ako mozete da go objasnite odgovorot na pettoto prasanje.
    Spored mene, posle 60 min casovnikot ke zaostanuva 6 min i ke pokazuva 54 min, ke mu trebaat uste priblizno 7 min realno vreme za da pokaze eden cas, znaci odgovorot e 67 min.

  2. Wile E. Coyote Reply

    1. а СОТИР?
    2. Меѓу 0 и бесконечно. Ако се изземе фактор на контрасинергија, меѓу 4 и бесконечно, ако се изземе фактор на синергија меѓу 0 и 4, ако се изземат и двата, точно 4.
    2. 12. Ако почнеше текстот со “Тестирајте го ВАШЕТО сеќавање” ќе беа 13.
    3. Млекото е погусто, а прашањето што е потешко без дополнително објаснување (волумен, на пример) нама смисол.
    4. Зависи кога почнуваш да броиш, 65 или 66 минути.
    Пооо, стварно немам попаметна работа. Ама, авторот има добра слика.

  3. Анонимен Reply

    Mislam deka odgovorite se delumno tocni:

    1. RISOT
    2. Odgovorot e tocen
    3. moze da se i sedum.( vdovecot e eden od mazite , dvajca mazi i dete—tatko i sin …)
    4. Zavisi od kolicestvoto. Prasanjeto treba da bide koj ima pogolema specificna tezina
    5. 66,6 minuti

  4. mihael Reply

    Tocno po eden cas ke pokazuva 54min. Vkupno ke zaostane 6 min. Odogovorot e: 66 min.

  5. Snezana Reply

    Првото прашање е чиста среќа ако го погодиш името што вие го предлагате. Мојот одговор е Сотир 🙂

  6. vlatko Reply

    Dajte be nesto interesno ne gluposti od vakov tip!

  7. Sara Reply

    2. Неможе да е 13, не пишува ВАШЕТО.
    4. Не е точно напишано, се надевам мислевте кое е ПОГУСТО.
    5. 65 е точно, на последните 10 мин. не им додавата 1 мин.

  8. Анонимен Reply

    1 Risto
    2.4 dena
    3.12 luge se spomnati vo tekstot
    4.Zavisi vo koja kolicina se posluzuva mlekoto a vo koja pavlakaa
    5.66 min

  9. Анонимен Reply

    1 Risto
    2.4 dena
    3.12 luge se spomnati vo tekstot
    4.Zavisi vo koja kolicina se posluzuva mlekoto a vo koja pavlakaa
    5.66 min

  10. blabla bla Reply

    1. Некој не го познава авторот Ристо Сотир, а не знам зошто рисот не се признава како точен одговор.
    2. 4 дена. 4 лица за еден ден прават еден чамец; двајца ќе направат еден чамец за 2 дена; а едно лице ќе направи еден чамец за 4 дена. Математички не знам да го објаснам.
    3. 12 лица, зошто 13? Заедно со мене? Јас не бев на излет 😛
    4. Ако имаш 1 кило млеко и 1 кило павлака, исто ќе тежат. Како што спомна погоре Sara, вашиот одговор е за прашањето кое е погусто.
    (мене кога јадам павлака полеснo ми е на стомакот, ха :D)
    5. 65 бидејќи (10+1)+(1о+1)+(10+1)+(10+1)+(10+1)+10=65
    На последните 10 минути кога ќе застане, веќе извртила стрелката за еден час и нема потреба ВЕЌЕ ДА СЕ ЧЕКА. Како што кажа и Sara.

    Кафенце не пијам иначе. Ретко

    • Кафе пауза Reply

      Ако мислиш на животното, тоа е рис. Рисот е членувана форма од именката, затоа е и неприфатлива како одговор.

  11. jas sum Reply

    13 луѓе се споменати , заедно со жената на вдовецот.Точни се. 😀

Остави коментар