Доколку му дадете на вашето бебе уникатно име, вие ќе му овозможите и уникатен живот

Доколку му дадете на вашето бебе уникатно име, вие ќе му овозможите и уникатен живот

Доколку сте бремени и сте во онаа фаза кога со вашиот партнер разгледувате книги, пребарувате на интернет и зборувате со најблиските со цел да најдете соодветно име за вашето најмало, тогаш можеби е време да размислите за малку поинаков пристап. Името кое ќе го изберете за вашето новороденче може многу да влијае врз неговиот понатамошен живот.

Доколку му дадете на вашето бебе уникатно име, вие ќе му овозможите и уникатен живот

Вие би можеле да создадете уникатно дете

Во денешно време станува сè попопуларно да се даваат имиња кои се необични и уникатни. Тоа има големи придобивки кои можат позитивно да влијаат врз самото дете. Според Памела Редвуд Сатран, авторката на книгата „The Baby Name Bible“, родителите сè повеќе одбираат несекојдневни имиња како на пример, Поезија. Тие се подготвени да го изберат она име кое ќе го направи нивното дете најуникатно, па затоа и бараат имиња кои другите деца ги немаат.

Кога родителите ќе одлучат да му дадат на своето дете уникатно и необично име, тие со тоа и се погрижуваат нивното дете да не биде дел од толпата. Многу родители не сфаќаат дека давањето на вакво име може директно да влијае и врз нивниот карактер. Според Адам Алтер, професор по психологија и маркетинг при Универзитетот во Њујорк, доколку му дадете на вашето дете уникатно име, вие ќе создадете и уникатно дете. Тоа се случува бидејќи ќе го поттикнете на неконвенционално и креативно размислување. Кога вие се доживувате како различни, со тек на време ќе почнете и различно да се однесувате. Токму ова перципирање на себе на поинаков начин ќе ве ослободи од размислувањето кое е стандардно за сите луѓе и ќе ви отвори сосема нови перспективи во животот.

Етикетите имаат големо влијание

Професорот по психологија, Ричард Вајзмен, од Англија вели дека постои истражување кое го потврдува ова тврдење дека етикетите кои ги даваме имаат големо влијание врз нашите животи. Истражувањето ни покажало дека наставниците даваат поголеми оцени на деца со имиња кои им се допаѓаат, додека пак студентите со непожелни имиња искусуваат поголемо ниво на социјална изолација. Друга студија ни покажува дека момчињата со поженствени имиња поминуваат полошо во училиште од нивните врсници и имаат многу проблеми со однесувањето во текот на основното и средното училиште. Од друга страна пак, девојчињата со имиња кои звучат помашки, имаат тенденција да одберат кариера која е потипична за момчињата за разлика од оние со обични женски имиња.

Доколку вие му дадете на вашето дете уникатно име, тогаш му отворате пат кон сите надежи и соништа. Со ова артистичко или научно име, вие му покажувате на тоа дете дека се восхитувате на квалитетите кои ги поседува, како независноста и интелигенцијата. Сатран вели дека луѓето кои ги именуваат своите деца уникатно исто така се истите оние кои ги охрабруваат нивните деца да го носат тоа што го сакаат, ги праќаат во поквалитетни креативни програми и им дозволуваат слободно да се изразуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар