Додека бил пијан го прашал другар му преку СМС: „Што е животот?“ Ова е неговиот неверојатно длабок одговор
Еден корисник на Редит објавил дека додека бил пијан на својот роденден западнал во филозофско расположение, па му испратил на еден негов другар СМС-порака со вечното прашање: „Што е животот?“ Другар му сериозно си ја сфатил работата и дал сè од себе да даде издржан и длабок одговор. Тоа изгледало вака:
„Друштвена игра која е за никаде, житарки кои се прекрасни, магазин во сопственост на момчиња… и несфатливиот чин на собирање активна материја, која се движи, самонасочувајќи се кон својата форма, потоа кон умот, пред некако да се претвори во свест, за да можеш да размислуваш за вселената и да се грееш од топлината на љубовта помеѓу кањоните направени од човекот, славејќи го инаку бесмислениот роденден, не на денот кога си бил зачнат, ниту кога си ја имал првата мисла, туку на денот кога си го повлекол првиот здив од оваа бескрајно бесмислена карпа која се врти и која не само што целосно го поседува животот, туку и целосно е покриена од него.“
Овој неверојатно длабок одговор бил добиен само неколку минути по поставувањето на прашањето. Тоа не треба да зачудува ако се знае дека и тој подоцна се вклучил во дискусијата на Редит, објаснувајќи дека читал доста на оваа тема во тој период.