Доброто со добро се враќа
Автор: Весна Јовановска
Кога последен пат помогнавте на некој изнемоштен старец да ја премине улицата? Му подадовте ли рака на детето кое падна пред вас? И понудивте ли помош на бабичката која едвај ги носеше торбите или можеби го поделивте вашиот сендвич со бездомникот кој го затекнавте како бара храна во контејнер?
Ретки се оние кои ќе кимнат со главата додека го читаат ова. Но, тоа не значи дека сме себични и сурови, туку невнимателни. Денеска сите некаде брзаме и не им обрнуваме внимание на овие ситни работи, кои нам ќе ни одземат незначително малку време, а некому сигурно ќе му го разубават денот. Со ваквите мали и несебични гестови, можеби ќе мотивираме и некој друг да го стори истото.
Погледнете како љубезноста се пренесува од еден на друг и ни се враќа како бумеранг, преку ова кусо видео на добротворната организација „Life Vest Inside“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Супер! Голема порака!