Добро платени, но монотони: Кои се најздодевните работни позиции во светот?

Добро платени, но монотони: Кои се најздодевните работни позиции во светот?

Колкупати ви се случило да посакате да останете дома наместо да одите на работа? Мислите дека вашата работа е досадна или пак, задоволни сте со тоа што го работите? Постојат многу различни видови позиции, и уште повеќе карактери на луѓе, па затоа и не е чудно тоа што за некои луѓе одредена работа може да биде интересна, а за други целосно монотона. Но, едно неодамнешно истражување покажало дека некои кариери се едноставно здодевни за сите, а вработените најмногу остануваат во нив поради добрата плата.

Добро платени, но монотони: Кои се најздодевните работни позиции во светот?

Студијата што вклучила илјадници испитаници од 14 различни држави стигнала до интересни, но неочекувани резултати. Неверојатни 81% од испитаните вработени потврдиле дека кариерата во областа на правото е најздодевна во светот. На второ место, со 78% незадоволство на работното место била работата со управување проекти, додека пак на третото место, со 71% се нашла позицијата грижа за потрошувачи.

На четвртото место на листата се нашле даночните работници (68%), а на петтото сметководителите и даночните советници (67%). Исто така ни банкарите не можат да се пофалат со возбудлива работа, па 67% од нив редовно се досадувале дур работеле. Седмото место им припаѓа на техничките работни позиции, а осмото на продавачите. Зад нив следуваат маркетинг и комуникација (60%), а на десеттото место се наоѓаат вработените во ИТ (56%).

Дали и вие чувствувате како да „умирате“ од досада на работа? Ако одговорот е позитивен, прочитајте ги и овие силни причини да си побарате друга работа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар