Добрите и лошите страни на Лондон
Кога се преселувате во некој нов град најчесто адреналинот ве удира од сите страни, па имате премногу желби и планови за тоа што да видите, каде да отидете, и реално, потребно ви е некое време да се соберете и да го согледате новото опкружување во кое се наоѓате. Денес ви откриваме со што се борат, а што сакаат жителите на Лондон.
ЗА
Љубителите на уметноста нема да можат да дојдат при себе од радост кога ќе видат колку многу нуди Лондон. Тој навистина има што да понуди, од ноќни забави во музеите, па до дневни тури, изложби, аукции… Ние ви препорачуваме да го посетите музејот Тејт Модерн и галеријата Сачи, каде што предметите многу често се менуваат, па така ќе имате можност да доживеете нешто ново.
Љубителите на храната ќе може да избираат помеѓу корејска, виетнамска, грузиска и перушка кујна, а храната која ќе можете да ја пробате во центарот на градот, ќе го исполни сонот на секој гурман. Ве советуваме да ги пробате корејските палачинки кимчи, египетските кошари, кинескиот дим сум, и перушките предјадења.
Љубителите на шопингот ќе можат да избираат помеѓу стоковните куќи на „Harrods“, „Harvey Nicols“, „Liberty“, но и фантастичните улични изработки на Пикадили, Спајтлфилдс, како и бројните улични работилници на локалните дизајнери. Ние ве советуваме да отидете на Пикадили за време на викенд и да ја почувствувате вистинската енергија на улиците на Лондон.
ПРОТИВ
Нема спонтаност. Лондон е град во кој никогаш со вашиот пријател нема да се најдете на спонтано кафе, па дури и да живеете во иста зграда. Многу е тешко да ги поклопите вашите распореди, далечината е доста голема, метрото полно со гужва, резервацијата во ресторанот е неопходна па така шансата за спонтано гледање е сведена на минимум. Сè се планира со недели однапред, а тогаш тоа знае да ја изгуби својата магија.
Нема завршување на повеќе работи во еден ден. Поради далечината многу е тешко во еден ден да завршите неколку обврски, па сето тоа мора претходно да биде испланирано. Доста институции работат до 17 часот, исто како и фирмите, па некогаш е невозможно, а да не се запрашате како луѓето магично успеваат да бидат на две места истовремено.
Преголема гужва. Во Лондон постојано е гужва. Во музеите, галериите и рестораните, туристите излегуваат од зад секој агол, па поради тоа движењето е доста отежнато. Луѓето кои живеат во Лондон за време на викендите избираат времето да го поминат дома, гледајќи серии или пак во некој од околните паркови кои се оази на мирот и зеленилото.