Добри вести за иднината: Ученици од мали почнуваат да учат како да се справуваат со стресот

Добри вести за иднината: Ученици од мали почнуваат да учат како да се справуваат со стресот

Се сеќавате кога ќе ве испрателе кај директорот на разговорот? Можеби сте се чувствувале понижено, сте мислеле дека не било фер или едноставно сте се смееле на таа одлука. Но, дали некогаш сте размислиле за делото кое ве испратило таму?

Сè повеќе и повеќе училишта ширум светот ги напуштаат традиционалните „казни“ на учениците и наместо тоа ги праќаат децата на медитација. Оваа практика започнала во основното училиште Роберт В. Коулмен во Балтимор, Америка, каде што децата со несоодветно однесување се учат како правилно да дишат и прават вежби за центрирање.

Па, наместо да го пишуваат по 100 пати тоа што го згрешиле, како во старите денови, учениците поминуваат време учејќи како да ги напуштат своите фрустрации, опкружени со меки пернички, ламби и декорации.

Проширената свесност не е само уште еден алтернативен метод за казна во ова училиште. Тука учениците секој ден го започнуваат со „свесен момент“ – 15-минутна комбинација од јога и медитација. Директорот Карилијан Томпсон уште во 2016 година изјавил дека проширената свесност направила огромна разлика и дека во текот на таа година немале ниту едно суспендирање.

По ветувачките бројки, медитацијата во училиштата почнала да се шири низ целиот свет, а оваа година дури 370 училишта го тестираат влијанието на проширувањето на свесност во Велика Британија. Таму, учениците се вклучени во серија тестови со цел да се детерминира како различните вежби и пристапи можат да помогнат да се подобри металното здравје на младите.

Иднината дефинитивно делува како да ќе носи многу проблеми, но ако идните генерации можат да научат како мирно да се справуваат со своите тешкотии , тогаш светот ќе биде во одлични раце!

Погледнете го и ова срцепарателно видео на едно момче кое било малтретирано од соучениците го освои целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар