Добри новости за љубителите на пржената храна: Изгледа таа не е толку нездрава колку што мислите

Добри новости за љубителите на пржената храна: Изгледа таа не е толку нездрава колку што мислите

Откако знаеме за себе, сите околу нас ни велеле да бегаме од пржената храна – што најчесто е невозможно бидејќи таа е највкусната храна која постои. Но, благодарение на една неодамнешна студија спроведена од „Food Chemistry“, вашата самодоверба веќе нема да страда кога ќе си дозволите малку пржена храна во секојдневната диета.

Добри новости за љубителите на пржената храна: Изгледа таа не е толку нездрава колку што мислите

Според резултатите, пржењето може да им додаде хранлива вредност на одредени зеленчуци. Да, сигурни сме дека посакувавте да станува збор за пилешко, но и ова е сосема доволно за напредок и промена на општото сфаќање за овој вид храна.

Во оваа студија биле испитувани домати, модри патлиџани и тикви. Тие биле пржени и варени во медитеранско екстра девствено маслиново масло, вода и мешавина од вода и масло. Резултатите откриле дека сè се врти околу маслото. Науко, ти благодариме.

Дел од состојките кои можат да се најдат во маслиновото масло всушност се еден вид антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од болести како рак на дебелото црево и коронарните срцеви проблеми. Што се однесува до варењето и додавањето маслиново масло во водата за готвење, тие не го зголемуваат присуството на овие компоненти како што тоа го прави пржењето.

И не, оваа студија не ви дава добар изговор да одите до најблискиот ресторан за брза храна и да купите огромен помфрит, но сепак постои надеж дека пржената храна и не е толку лоша колку што мислевме досега. И за крај, добро е спомнеме дека и покрај тоа што имало зголемување на антиоксидансите, сепак висината на маснотиите си останала на високо ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар