Добра вест за првородените женски деца

Добра вест за првородените женски деца

Една нова студија открила дека првородените женски деца во семејството се оние кои имаат најмногу амбиција и способности. Институтот за социјални и економски истражувања при Универзитетот Есекс испитале 1.503 групи на браќа/сестри (вкупно 3.523 испитаници) за да можат да откријат како влијае односот помеѓу браќата и сестрите врз успехот. Студијата дошла до заклучок дека првородените ќерки имаат најголеми шанси за успех, а оваа теорија го поддржува и искуството на познатите личности како Опра, Бијонсе, Џ. К. Роулинг и Хилари Клинтон.

????????????????????????????????????????

Второто дете со добри шанси за добивање Оскар или пак, за откривање лек за смртоносна болест е првороденото машко во фамилијата. Сите мажи кои биле на Месечината биле или првородени или единци. Интересно, се согласувате? Според резултатите, оние кои се чувствувале потценето се најмладите деца, а тоа било потврдувано и со неколку постари истражувања. Но, она што е навистина интересно кај овие резултати е што тие укажуваат дека синдромот „средно дете“ изгледа како да не постои.

Највисокото ниво на успех се сведува на желбата кај децата да продолжат со својата едукација, но водечкиот истражувач на оваа студија, Феифеи Бу, верува дека можно е сѐ да зависи од родителите.

„Постојат неколку можни објаснувања за повисоките достигнувања и амбиции на најстарите. Тоа можеби би можело да се објасни со времето и енергијата кои родителите ги посветуваат на нив, но може да значи и дека тие се едноставно поинтелигентни“ – вели Бу.

Истражувањето исто така открило дека колку е поголема разликата помеѓу браќата/сестрите, толку секое од децата има поголеми аспирации за постигнување на повисоки академски достигнувања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар