Добила 1 милион долари на лотарија, двапати во еден ден

Добила 1 милион долари на лотарија, двапати во еден ден

Да се добие на лото барем еднаш во животот е голема среќа. Но, да добиете двапати во еден ден? Колку и да звучи невозможно, Вирџинија Фајк е една од ретките луѓе на светот која може да објасни какво е тоа чувство. Таа купила две ливчиња на кои ги ставила истите броеви, при што 5 од 6 биле добитни. Двете ливчиња ù донеле неверојатни 2 милион долари на 7 април 2012 година.Добила 1 милион долари на лотарија, двапати во еден ден

„Сè уште сум во шок! Ги одбрав броевите според годишнината на моите родители и нивната тогашна возраст поделена со годината кога тие се венчале. Јас ги обожавам овие наградни игри и играм секогаш кога можам да си дозволам.“

За да се добие главната премија, џекпот, учесниците во наградната игра треба да ги имаат 5-те добитни броеви на ливчето, како и шестиот специјален број. По извлекувањето, било најавено дека никој не го освоил џекпотот, но имало 14 добитници низ Америка, кои ги имале 5-те броја, од кој секој добива по 1 милион долари. Двајца од добитниците биле од Вирџинија. Во тоа време Фајк била во посета на мајка ù во болница.

„Видов најава на телевизија дека имало двајца добитници во Вирџинија. Ја погледнав мајка ми и ù реков: Нели би било смешно и двете добитни ливчиња да се наши?“

Кога отишла до местото каде што ги купила ливчињата, Фајк побарала да ги проверат и открила дека и двете се добитни. „Мора да сонувам,“ била нејзината изјава. Таа пресреќно го примила својот чек од 2 милиони долари кој ќе се намали на околу 1,4 милиони долари откако ќе бидат пресметани таксите. Но, тоа е и повеќе од доволно за нејзините скромни планови да им помогне на своите родители и да плати неколку сметки.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар