Доаѓаат уште неколку нови идеи: Освежете го обичниот сламен шешир со овие 4 лесни проекти
Дали се сеќавате на претходните идеи со кои можевте да го освежите вашиот обичен, сламен шешир? Добрата вест е тоа што идеите се множат, а преработките на старите шешири продолжуваат! Доколку во претходниот пост не го пронајдовте вашиот омилен дезен, тогаш овде сигурно ќе го пронајдете.
1. Пом-пом шешир
За да го украсите стариот шешир на овој начин нема да ви бидат потребни повеќе од 5 минути. Секако, доколку вашиот избор за оваа лето се пом-пом сандалите, тогаш овој шешир е задолжително парче за вас!
Потребни материјали:
- Обичен, сламен шешир
- Лента со мали пом-пом топчиња
- Пиштол со силикон
- Ножици
Начин на изработка:
Како што кажавме, за овој шешир ќе ви бидат потребни помалку од 5 минути. Измерете колку лента ви е потребна за да го обложите долниот дел од шеширот. Со помош на силиконот, залепете ја лентата од долната страна на шеширот.
Тоа е тоа! Исто така, за овој проект не е потребно да ги извадите постоечките декорации. Оставете ги за да создадете оригинален аксесоар. Плус, изберете пом-пом топчиња во некоја луда боја за да добиете вистинска летна разиграност.
Преминете на следниот проект на втората страница.