Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле

Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле

Издигнувајќи се од песокот на чилеанската пустина Атакама, оваа џиновска рака изгледа како симбол на некоја одамна исчезната нација, но всушност е скулптура на артистот Марио Ираразабал. Таа е позната како „Mano del Desierto“ или „Раката од пустината“, а нејзината цел е таа да претставува тажен чувар покрај Пан-американскиот автопат, потсетувајќи ги патувачите за реалната трагична состојба во која се наоѓа човештвото.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеТаа се наоѓа на надморска височина од 1.100 метри, 75 километри јужно од градот Антрофагаста. Скулптурата била спонзорирана од локалната организација „Corporación Pro Antofagasta“, а била поставена на 28 март 1992 година. Таа сега е многу добро позната туристичка атракција, но исто така и мета на многу вандали и уметници на графити.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеЏиновската рака во пустината Атакама, ЧилеРаката е симбол на емоции на неправда, осаменост, тага и тортура. Висока е импресивни 11 метри, а составена од метална конструкција и бетон.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеЧилеанскиот скулптор Марио Ираразабал студирал филозофија и уметност на универзитетот „Нотар Дам“ во Индијана и теологија во Рим. Подоцна вежбал со германскиот скулптор Ото Валдемар, а својата прва работа ја изложил во 1970 година.Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар