Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

Автор: Моника Трајковска

Роден во Хјустон, Тексас, Парсонс почнал да се интересира за глумата откако ја добил улогата на птицата Кока-кола во училишната изведба на „Детето на слонот“. Во 2001 година тој завршил театарски мастер студии на Универзитетот во Сан Диего и се преселил во Њујорк со надеж дека таму ќе ја започне својата кариера како глумец. Во 2007, Парсонс конечно ја добил својата шанса за пробивање со улогата на Шелдон Купер во ТВ-серијата „Теоријата за Биг Бенг“, улога која целосно ќе му го промени животот.Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг

„Она што најмногу ми се допаѓа кај Шелдон е начинот на кој се обидува да реши големи научни проблеми. Ми се допаѓа и како неговото научно резонирање често не функционира во реалниот свет, на пример кога разговара со Пени или со некој надвор од неговиот мал круг на пријатели-гении, но сепак, не го менува својот начин. Шелдон е премногу сигурен во себе и мислам дека тоа е одлична карактеристика.“

Шелдон е физичар кој нема никакви социјални вештини. Уште од самиот почеток, Парсонс верувал дека може одлично да го долови карактерот на својот лик. И покрај тоа што не чувствувал никаква сличност со Шелдон, тој постојано бил фасциниран од дијалозите кои биле пишувани за него и од начинот на кој треба да се изразува.

„За жал многу малку научив за физиката. Тоа е за срам, но сепак секогаш кога има нешто научно во сценариото барам на интернет за да знам за што говорам. Но, тоа е сè. Честопати се случува експертот за физика да напише некоја формула, шега на таблата и јас да не ја сфатам. И по долго објаснување кога конечно ќе сфатам, едноставно не ми е смешно. Не сум воопшто попаметен откако сум во серијата. Всушност, мислам дека сум малку поглупав бидејќи немам многу слободно време за учење нови работи.“

Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг БенгВо 2009, Парсонс ја доби наградата „Television Critics Association“ за индивидуално достигнување во комедија, во 2010 доби Еми награда за неверојатен актер во комедија и во 2011 доби Златен Глобус за најдобар актер.

На прашањето како успеваш да направиш толку да го сакаат твојот лик кога како личност никој не би требало да го поднесува, тој вели:

„Писателите многу внимателно ги омекнуваат „тешките“ зборови. Другиот начин е како другите ликови реагираат на него – со вознемиреност, но и со помирување. Тоа се префрлува и на публиката, а јас воопшто не се обидувам да го доомекнам. Искрено, многу често поентата е да биде премногу иритантен.“

Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг„Теоријата за Биг Бенг“ достигна огромен успех и успеа да привлече публика од сите возрасти. Но, она што никој нема да го заборави се интересните и уникатни реплики на Шелдон. Еве еден мал дел од нив:

  • Базинга!
  • Не сум луд, мајка ми ме тестираше.
  • Сакаш топол напиток? Ми дадоа до знаење дека кога некој е тажен треба да му се понуди топол напиток…
  • Според договорот на цимерите…
  • Пени не треба да плачеш зашто си глупава. Човек плаче кога е тажен. На пример, јас плачам зашто другите се глупави, а тоа ме прави тажен.
  • Јас ја сакам мајка ми, но чувствата за моето место на каучот се многу поголеми.
  • Тоа е погрешна равенка. Повеќе не е еднакво на повесело. Да имаше 2.000 луѓе во апартманов сега, дали ќе славевме? Не, ќе се гушевме.

Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг

  • Знаете дека сум многу паметен човек. Дали мисите дека ако не бев во право, немаше да знам?
  • Што точно значи „пријатели со бенефиции“? Дали тој ѝ овозможува на неа здравствено осигурување?
  • Мало недоразбирање? Галилео и Папата имале мало недоразбирање…
  • Ејми мора да ти признаам дека преправањето како да имам однос со тебе ми донесе многу големо задоволство.
  • Очигледно не можеш да го хакнеш супер компјутерот на владата и да се обидеш да купиш ураниум без Одделот за домашна безбедност да те издаде на мајка ти!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. maxx Reply

    CAR!!! 😀

  2. Amanda Reply

    go obozavam!!!!!!!!!!!!!!!!!

Остави коментар