Џеф Данам и неговиот хумор без граници
Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…На врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.
Ниту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“
Волтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.
Данам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.
Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.