Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

Поголемиот дел од нас пораснале со цртаните филмови на Дизни. Тие имаат посебно место во нашите срца не само поради нивните прекрасни и трогателни приказни, туку и поради тоа што нѐ научиле на најважните животни лекции: Да ги следиме нашите соништа, да се соочиме со нашите стравови, никогаш да не забораваме од каде сме, да го сакаме нашето семејство и да веруваме во себе. Следуваат некои од најдобрите Дизни цитати кои докажуваат дека овие цртани филмови се многу подлабоки отколку што паметиме…

Пепелашка

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Без оглед на тоа како вашето срце тагува, ако продолжите да верувате, сонот што го посакувате ќе стане реалност.“

„Сонот е желба што ја посакува вашето срце.“

„Дури и на чудата им е потребно малку време.“

Кралот Лав

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Погледни во ѕвездите. Големите кралеви од минатото нѐ гледаат од ѕвездите. Секогаш кога ќе се чувствуваш осамено, сети се дека тие кралеви секогаш ќе бидат тука за да те водат. Исто и јас.“

„Никогаш не заборавај кој си.“

„Сите ние сме поврзани во големиот Круг на животот.“

„Сѐ што гледате постои заеднички во деликатна рамнотежа.“

„Повторувај по мене: Хакуна Матата. Овие два збора ќе ти ги решат сите проблеми.“

„Минатото знае да боли. Но, според мене, можеш или да бегаш од него или да учиш од него.“

Покахонтас

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Духовите се насекаде околу тебе, чедо. Тие живеат во земјата, водата, небото. Ако слушаш, тие ќе те водат.“

„Попрво би умрел уште утре отколку да живеам сто години без да те знам.“

„Она што го сакам кај реките е што не можеш два пати да стапнеш во истата река.“

„Ако ги следиш стапките на некој странец, ќе научиш работи што никогаш не си ги знаел.“

„Слушај со твоето срце и ќе разбереш.“

„Понекогаш вистинскиот пат не е и најлесниот.“

Мулан

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Без разлика колку силно ветрот завива, планините не можат да му се поклонат.“

„Цвеќето кое цути со тешкотија е најреткото и најубавото од сите.“

„Еден човек може да биде разликата помеѓу победата и поразот.“

„Најголемиот подарок и најголемата чест е што те имам тебе за ќерка.“

Дамбо

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Прифати го она што те прави различен.“

„Токму оние работи што те влечат надолу, ќе те издигнат нагоре.“

„Не летај само, издигни се високо!“

Бамби

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Ако не можеш да кажеш нешто убаво, не вели ништо.“

„Онаму каде што ќе падне една работа, друга ќе израсне. Можеби тоа нема да биде истото што било претходно, но ќе биде ново и исто толку прекрасно.“

„Ако се плашиш, биди пострашен од она што те плаши.“

„Љубовта е песна која нема крај.“

Пинокио

Дизни цитати кои можат да ви послужат како мисли водилки во животот

„Животот е сон.“

„Лошото однесување е забавно.“

„Секогаш оставете ја совеста да биде вашиот водач.“

„Не можеш да бидеш премногу внимателен, знаеш.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар