Директорот на „Левис“ советува фармерките да не се перат во машина за перење
Директорот на „Левис“ вели дека фармерки скоро никогаш не треба да се перат во машина за перење или треба да го правите тоа многу, многу ретко. Тој верува дека перењето на фармерки може да има негативни последици – тоа го оштетува материјалот од кој се направени.
Тој не е единствениот кој дал таков совет. Истата работа ја предложи и друг производител на ова парче облека, односно Деним. Тие истакнаа дека ако фармерките не се перат во машина, тие ќе изгледаат подобро кога ќе ги облечете.
Некои производители имаат и еден необичен совет, а тоа е да ги ставите во замрзнувач во текот на ноќта со цел да ги отстраните бактериите. Исто така се препорачува употреба на средство за отстранување бактерии.
Прочитајте и за овие 7 работи за најголемиот трговски центар во Европа што сигурно не ги знаевте.