Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите
Click & Grow е креативен изум кој на вашиот дом ќе му даде допир со природата. Најинтересното е тоа што на овие саксии со цвеќиња, не им треба градинар. Во саксијата има електронски систем, кој е способен сам да ја дозира водата, хранливите материи и воздухот, кои му се потребни на цвеќето. Сѐ што треба да направите е да ставите батерии и вода во садот, а за останатото ќе се погрижат сензорите, софтверот и процесорот. Интересно е тоа што, во „саксијата“ можете да менувате повеќе различни видови цвеќиња. Па ако ви досади од едно, можете да ставите друго растение.
Работи на сличен принцип како печатач, го заменувате едниот со другиот патрон, но наместо да печатите, ќе ви порасне ново цвеќенце. Се продава на Amazon, а достапни се различни видови растенија: мини домати, лути пиперчиња, босилек, магдонос, цитронела, француски невен, жалфија, колеус (шарена коприва)…Погледнете во видеото како растението магично расте, без да го посадите. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Odlicna idea