Диета што е подобра дури и од вежбање за вашиот мозок
Истражувањата покажале дека држењето диета со внесување малку масти може да ги зачува мозочните клетки подоцна во животот и потенцијално е поефикасна од вежбањето. Диетите кои имаат 40% помалку калории од препорачаното дневна доза, се верува дека го намалиле воспалението во мозоците на глувците и го одржале мозочното ткиво.
Овие откритија се резултат на истражување на Универзитетот и медицински центар во Холандија. Особено внимание се посветило на клетките микроглија. Овие клетки го одржуваат правилното функционирање на мозокот. Доктор Барт Еген, главниот автор на истражувањето, изјавил:
„Дебелината и стареењето се доминантни и се зачестуваат во општествата ширум светот, но последиците на централниот нервен систем не се добро разбрани. Одредивме дали исхраната со многу или малку масти, во комбинација со вежби и рестрикција на храна има влијание на клетките микроглија во текот на стареењето на глувците.“
Воспалението на мозочните клетки е поврзано со болестите како мултиплекс склероза и деменција, па ова откритие може да биде од голема важност.
Во експериментот на 6-месечни глувци им се давало храна со низок или висок процент на масти со цел да се види какво влијание имаат калориите на мозочните воспаленија. На 2-годишни глувци се спровел сличен експеримент каде што можеле да одберат да трчаат или да јадат храна со помалку масти.
„Воспалението се спречуваше само кога глувците јадеа храна со малку масти во комбинација со ограничено внесување на калории. Исхраната со малку масти не можеше да ги спречи овие промени. Сепак, резултатите покажуваат дека кај глувците, количеството масти е важен параметар за стареењето на мозокот, исто како и внесувањето калории. Само кога ќе се ограничи и внесувањето на масти и бројот на калории може да се спречат промените кај микроглијата.“
Дознајте и кои се некои од најпопуларните диети во светот.