Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

Момци, доколку ви е потребна мала помош при запознавање девојки, тогаш овие реченици со сигурност не можат да ви помогнат. Во најдобар случај таа ќе се насмее иронично, но искрено, и поголеми се шансите да го истури својот пијалак врз вас. Но, и покрај тоа што тие скоро никогаш не успеваат, сепак нивната креативност треба да се цени…

Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

1. Дали си магионичарка? Бидејќи секој пат кога гледам во тебе, сите останати исчезнуваат!

2. Дали си религиозна? Бидејќи ти си одговор на сите мои молитви.

3. Дали си фотоапарат? Бидејќи секогаш кога ќе те погледнам, се насмевнувам.

4. Дали седиш на купче шеќер? Бидејќи имаш навистина сладок задник.

5. Знаеш од што ми е составена кошулата? Од материјал за совршено момче.

6. Да бев семафор, ќе станував црвен секогаш кога ти ќе поминеше, само за да можам да те гледам подолго.

7. Сакам да живеам во твоите чорапи за да можам секој чекор да бидам со тебе.

8. Изгледа си го изгубив бројот од мобилниот. Може да го добијам твојот?

9. Постојат луѓе кои викаат дека Дизниленд е најсреќното место на планетава. Очигледно никој од нив не бил во твоите прегратки.

10. Имаш мапа? Се изгубив во твоите очи.

(1) Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

11. Денес бев малку исклучен, но ти дефинитивно ме запали.

12. Моите другари се кладеа со мене дека нема да можам да започнам разговор со најубавата девојка тука. Сакаш да си купиме пијалаци со нивните пари?

13. Извини девојко, ама ми должиш пијалак. [Зошто?] Бидејќи кога те здогледав, мојот пијалак ми падна од раце.

14. Ми изгледа како да ти е ладно. Сакаш да ме користиш мене како ќебе?

15. Може да добијам насоки до твоето срце?

16. Има аеродром во близина или тоа беше само моето срце кое полета кон тебе?

17. Не зјапам во твоите гради, го набљудувам твоето срце.

18. Може да те сликам за да им докажам на сите мои пријатели дека постојат ангели?

19. Се обидов најдобро што можам да не почувствувам ништо за тебе. Погоди што? Не успеав.

20. Твоето тело е составено од 65% вода, а јас сум жеден.

(2) Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

21. Еј, не се мршти. Никогаш не можеш да знаеш кој ќе се заљуби во твојата насмевка.

22. Може да те следам до дома? Бидејќи моите родители ми рекоа секогаш да ги следам моите соништа.

23. Фасцинантно. Цела вечер гледам во твоите очи бидејќи досега не сум видел толку темни очи исполнети со толку многу светлина.

24. Толку си убава што заборавив што сакав да ти кажам.

25. Не треба да ставаш шминка. Таа само ја расипува твојата совршеност.

26. Да имав по една ѕвезда за секој ден што си ми го разубавела, досега ќе поседував галаксија во моите раце.

27. Да беше криминал да си секси, ти ќе беше со сигурност обвинета и осудена.

28. Се прашувам дали имаш уште едно срце, бидејќи некој изгледа го украде моето.

29. Мислев дека среќата започнува со С, но само што открив дека започнува со ТИ.

30. Да бев мачка, ќе сакав да ги поминам сите 9 животи со тебе.

(3) Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

31. Не постои збор во речникот кој може да опише колку добро изгледаш.

32. Госпоѓице, да не сте изгубена? Рајот е многу далеку од тука.

33. Мојата љубов кон тебе е како дијареја, едноставно не можам да ја задржам во мене.

34. Здраво, јас сум крадец и дојдов да го украдам твоето срце.

35. Обично не сум олку висок, ама вечерва седам врз мојот паричник.

36. Јас сакам Лего коцки и ти сакаш Лего коцки, па зошто тогаш да не изградиме заедно врска?

37. Имаш време да го запишеш мојот број?

38. Одбивањето може да доведе до емоционален стрес за двете страни, а емоционалниот стрес може да доведе до физички компликации како главоболки, чир, канцерогени тумори, па дури и смрт. Токму затоа, за нашето здравје, кажи ДА!

39. Не сум донатор на органи, но со задоволство би ти го донирал моето срце.

40. Можеби не сум дух во ламба, но можам да ги остварам твоите соништа.

(4) Девојките не паѓаат на овие финти, но мора да им симнеме капа на момците за креативноста

41. Бакни ме ако грешам, но диносаурусите сè уште постојат нели?

42. Еј, некој само што прдна. Брзо да се губиме од тука!

43. Ќе ме бакнеш или ќе мора да го лажам мојот дневник?

44. Психологот ми рече дека се плашам од обврзување. Сакаш да ми помогнеш да докажам дека не е во право?

45. Твоите усни изгледаат многу осамено. Да не сакаат да се сретнат со моите?

46. Имаш нешто на твојата рака. Ах, тоа било само мојата рака.

47. Ја тестирам издржливоста на мојот кревет. Ќе сакаш да ми помогнеш со истражувањето?

48. Единственото нешто што твоите очи не ми го кажаа е твоето име.

49. Здраво, јас сум господин Совршен. Ми кажаа дека си ме барала.

50. Толку си жешка, што на тебе можам да печам колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар