Девојки, ова се 3-те нешта што треба да ги знаете пред да се одлучите за тетоважа
Тетоважите се едни од најстарите начини за декорирање на телото, но денес се попопуларни од кога било порано. Па доколку и вие размислувате за тетоважа, најпрво треба да се информирате за овие неколку нешта, а потоа конечно да се одлучите дали ќе ја ставите или не.
1. Што треба да имате на ум пред да се одлучите за тетовирање?
Тетоважата е трајна, па затоа најпрво треба да размислите за местото на телото на коешто би ја ставиле. Таа ќе остане таму засекогаш. Исто така, треба да го имате на ум и фактот дека кожата со текот на времето се опушта и губи еластичност, а тоа може да влијае на изгледот на самата тетоважа. Има влијание и промената на тежината, особено ако е нагла и драстична.
Од друга страна пак, жените што планираат да останат бремени не треба да се тетовираат во областа околу стомакот, бидејќи тој дел може значајно и трајно да се промени, притоа влијаејќи на изгледот на тетоважата.
На кратко, треба да одберете место на вашето тело за кое знаете дека нема многу да се промени во текот на годините. Откако ќе го одберете местото, важно е да се грижите за кожата во тој дел, а пред самото одење во салон, да направите пилинг и да ја хидрирате.
2. Што не смеете да правите по тетовирањето?
По ставањето на тетоважата, барем еден месец, не треба да излегувате на сонце ниту пак, да одите на пливање (море, езеро, река, базен – сè е вклучено во листата).
Треба да имате на ум дека тетоважата мора да се третира како рана, бидејќи тоа всушност и е, иако не делува така. Вие можеби гледате прекрасен цртеж, но тоа не ве заштитува од можноста за инфекции.
Првите 7 дена треба да избегнувате каква било активност што предизвикува потење бидејќи може да ја инфицира раната, а во првите 15 дена треба да избегнувате и депилација.
3. Како да ја одржувате тетоважата?
Постојат неколку правила, кои доколку ги почитувате, ќе се заштитите од инфекции во првите денови…
- 2 до 3 пати дневно мачкајте ја со антибактериска маст, околу 15 дена
- Мијте ја со неутрален и благ сапун, барем 2 пати дневно, односно наутро и навечер, а потоа нанесете маст (не крема)
- Додека зараснува, ако врз тетоважата имате облека, таа треба да е чиста и памучна
- Кога сте дома, потрудете се да биде што е можно пооткриена, без да допира на облека, за побрзо да заздрави
- Придржувајте се и до сите останати совети што ќе ги добиете од вашиот тату артист
Прочитајте и овие моќни приказни што луѓето ги споделуваат за своите тетоважи.
Zosto mast a ne krema?