Девојка со Даунов синдром одржува часови по јога
23-годишната Џесика Парсонс која има Даунов синдром, ги учи нејзините ученици да пронајдат внатрешен мир. Всушност, Џесика започнала да учи јога на 12-годишна возраст покрај нејзините родители и три сестри кои исто така се јога инструктори. Џесика е многу флексибилна, а нејзината мајка за неа вели дека таа ги изведува јога движењата подобро од кој било друг во семејството.
Моментално Џесика одржува два неделни часа за сите категории, а во нејзината група има и ученици со физички недостатоци.
„Секој од нејзините ученици излегува од часот со насмевка“, вели Сју Ен, мајката на Џесика. „Имаме повици од целата држава од луѓе кои ни кажуваат дека таа ги инспирира нивните деца со Даунов синдром да учат јога.“
Иако е зафатена со држење часови, таа сѐ уште наоѓа време да направи јога производи, а дури има и свое јога ДВД. Имено, Џесика и нејзините сестри снимале филм во средното училиште за некој училишен проект, кој пак се проширил во училишните библиотеки низ целата држава, а исто така е достапен и онлајн.
Погледнете го видеото и запознајте се со Џесика, согледајте ја позитивната енергија и мотивирајте се!