Девојка си ја претворила протетичката нога во табла за пишување и отишла на патување низ Европа
Оваа девојка завршила факултет минатиот месец и решила да отиде на патување низ Европа. Меѓутоа, таа направила нешто уникатно благодарение на кое нејзините фотографии од одмор ја претвориле од обичен турист во вистинска Интернет легенда.

Филаделфија, САД (нејзиниот дом)
Светскиот патник била родена со болест на коските и морале да ѝ ја ампутираат десната нога над коленото кога имала само 4 години. И покрај тоа, таа не го изгубила нејзиниот слободен дух и смислата за хумор. Така, кога решила да ја напушти родната Филаделфија и да патува низ светот, смислила генијална идеја. Таа ја обоила нејзината простетичка нога со боја за табла за пишување со креди и на неа го пишувала името на секој град што го посетила. Како резултат од сето тоа произлегле оригинални, урнебесни и инспиративни фотографии!

Даблин, Република Ирска
„Си направив нога со табла за пишување и заминав на патување“, напишала таа во описот на нејзината авантура.

Копенхаген, Данска
И покрај нејзиниот инвалидет, таа го живее животот со полни гради и има неверојатно позитивен став.
„Сите имаат проблеми во животот, а по некоја случајност мојот проблем е ногата. Но, навистина не е толку лошо колку што изгледа“, изјавила таа.

Будимпешта, Унгарија
Продолжете на следната страница за да ги видите инспиративните фотографии од нејзиното патување…