Девојка се фотографира без облека со цел да докаже дека голотијата не е сексуална
Една жена од Холандија решила преку Инстаграм да ја нагласи стигмата која ја опкружува голотијата. Тоа го направила на многу едноставен начин – ја соблекла облеката и се фотографирала гола.
Стер има 21 година и патувала низ Австралија без облека. На својот Инстаграм профил таа ги објавувала фотографиите од своето патување. Нејзиниот профил е полн со овие фотографии на кои позира свртена со грб. Сепак, на фотографиите нема ништо сексуално бидејќи целта ѝ била токму тоа.
„Голотијата прави луѓето да се чувствуваат неудобно. Навистина е тажно тоа што повеќето луѓе не го гледаат задоволството во голотијата на несексуален начин.“
Ова е на некој начин различен пристап на позитивните кампањи за човечкото тело. Целта на Стер е да им докаже на другите дека човечкото тело не треба да биде објективизирано, туку треба да се слави.
„Сакав да го променам тоа. Да ширам позитивност за телото преку Инстаграм и да им покажам на луѓето дека голотијата не е сексуална, ниту пак чудна.“
Стер има над 78.000 следбеници на Инстаграм и се надева дека нејзината популарност ќе ѝ помогне да го промовира натуризмот и убавината на природната состојба.
„Чувството на слобода, адреналинот, допирот од ветрот на вашата кожа, сето ова е дел од убавите нешта кога сте голи во природа. Моите „голи авантури“ на отворено ме исполнија со среќа, знаење и одлична перспектива за тоа дека треба да уживам во животот. Почнете со мали чекори, во ваш простор, а потоа предизвикајте се. Навистина е убаво кога на себе немате ништо освен насмевка.“
„Голотијата не е сексуална“, сака невино да изјави, иако многу добро знае дека баш поради тоа што голотијата е сексуална ќе добие внимание за да си го нахрани нарцисоидното его