Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

19-годишната девојка Ифе Ловет имала проблеми со менталното здравје и иако сега е подобро, нејзините лузни ѝ враќале спомени што сакала да ги заборави. Ифе решила да ги покрие со тетоважи, но сите тату артисти на кои им се обратила одбиле да работат со оштетена кожа, освен еден.

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

Мајка ѝ на Ифе го видела проектот на Рајан Кели насловен како „Лузните зад убавината“ (Scars Behind Beauty). Станува збор за иницијатива што им помага на луѓето да заборават на деновите кога се самоповредувале.

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

„Многу е тешко кога веќе неколку години не го правите тоа, но секој ден се потсетувате на тие денови. Лузните ме потсетуваат на тоа како сум се чувствувала тогаш. Тоа ми предизвикува голем срам и чувство на вина, особено кога сум со семејството“, изјавила Ифе.

Рајан го започнал неговиот проект во февруари кога друга жена го контактирала од истата причина.

„Една девојка случајно дојде и побара да ѝ ги покријам лузните со тетоважа. Разговарав со неа и таа почна да ми раскажува приказна. На крајот, не ми делуваше праведно да ѝ наплатам. Тетоважата имаше многу поголемо значење за неа од парите“, открил Рајан.

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

„На овој начин, ставате нешто убаво на нешто грдо. Тоа ви дава чувство на слобода и можете да си ја вратите самодовербата, бидејќи многу е тешко да барате работа и да носите маички со кратки ракави. Лузните се гледаат, добивате чудни погледи и многу луѓе почнуваат да ве распрашуваат за тоа“, објаснила Ифе.

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

Девојка сакала да ги покрие лузните од самоповредување со тетоважи, но сите ја одбиле освен еден тату артист

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар