Девојка прашала дали е во ред што го напуштила момчето откако ѝ кажало дека е силувано и одговорот бил брутален

Девојка прашала дали е во ред што го напуштила момчето откако ѝ кажало дека е силувано и одговорот бил брутален

Младите деца се неверојатно ранливи на лошо однесување. Ужасните искуства од детството можат да ги прогонуваат луѓето уште многу долго. Па, кога една 20-годишна корисничка на Редит открила за кошмарите од детството на нејзиното момче, таа не знаела како да реагира.

Девојка прашала дали е во ред што го напуштила момчето откако ѝ кажало дека е силувано и корисниците на Редит ја „уништиле“

Тој ѝ кажал дека бил силуван на 11-годишна возраст, а откако таа размислила, го напуштила нивниот стан. Барајќи оправдување, таа ги прашала корисниците на Редит дали направила лошо што се оддалечила од момчето откако ѝ признало. На нејзино изненадување, за одговор добила едногласно ДА.

„Јас сум 20-годишна жена, 5 месеци во врска со момче од 24 години. Тој е висок, мускулест, русокос и со сини очи. Исто така е навистина доминантен и работи во стартап компанија. Воглавно многу е паметен, смешен… јасно ви е. Ми се допаѓа.

Но иако нашиот сексуален живот е добар, тој имаше проблеми со перформансот, почнувајќи пред една и пол недела. Мислев дека јас сум проблемот па го прашав, а тој почна да плаче. Само што почнал да оди на терапевт или советник за неговото детство.

Потоа ми кажа дека бил силуван на 11-годишна возраст од неговиот полубрат, неколку пати. Ова ме приземји бидејќи тој ми изгледаше како навистина силно момче, а сега ми признава дека бил силуван од друг маж додека плаче и ме гушка.

Го прегрнав и јас и му дозволив да се отвори, но на крај заминав (бевме во неговиот стан). Целосно разбирам дека е ужасно да се биде жртва на силување, но искрено, не знам дали ќе можам повторно да го гледам на ист начин. Ја имав оваа слика за него и целосно е скршена и искрено секој пат кога гледам порака од него се чувствувам чудно.

Мојата најдобра пријателка смета дека треба да се обидам да се гледам со него, но повеќе не ме привлекува како порано. Немаме раскинато, но размислувам за тоа.“

Счудоневидени, луѓето се обиделе на најдобар можен начин да ѝ објаснат зошто оваа ситуација е толку ужасна. Еден корисник бил навистина револтиран и ѝ напишал долг одговор:

„Ти си чудовиште. Ти си ужасна личност и искрено се надевам дека никогаш нема да најдеш љубов во твојот живот повторно. Среќна си што воопшто не знаеш како е да бидеш силувана. Твоето момче, кое ти верувало доволно за да ги сподели неговите чувства и да сподели тајна која веројатно го демне во соништа и додека е буден со години, е силен маж штом го преживеал тоа. Тој сè уште е силно момче. Ако го гледаш како помала личност поради нешто што не може да го контролира, тогаш ми се гади од тебе.

Силувањето уништува луѓе. Останува со нив и прави да се чувствуваат нечовечно. Како се осмелуваш да напуштиш маж кој искрено заслужува многу подобро од нечовечен психопат како тебе, откако се срушил? Тој веројатно се чувствува предадено и засрамено. Тешко дека сега ќе го натераш повторно да се отвори, си го скршила. Си го зела срцето што ти го дал и си го скршила пред него. Потоа си заминала бидејќи сега некако ти изгледа помалку маж.

Засрами се. Сведочев како некој имаше посттрауматска епизода од сексуално малтретирање. Морав да седам таму со скршено срце и бескорисен и да ја гледам како плаче и вика: ‘Можам да почувствувам како ме допира! Таа ме допира!’ Не сакав да ја допрам за да не ја влошам ситуацијата. Чистиот ужас на нејзиното лице е едно од најстрашните нешта што ги имам видено. Во тој момент таа помина низ незамисливо мачење.

Така се чувствува твоето момче. Со таква тортура се соочува. И покрај сето тоа, тој може да стане и да се насмевне. Зарем тоа не е тешко? Се сомневам дека некој ужасен како тебе може да помине ден без да се пожали ако си скршила нокот.

Засрами се. Покажа непочитување кон секој маж што бил силуван. Покажа непочитување кон секоја жртва на силување. Покажа непочитување кон моите пријатели кои се силувани. Те мразам. Остави го. Тој заслужува многу, многу подобро.

Доволно тешко е да се биде жртва на силување, уште повеќе машка жртва на силување. Покажи му ги овие одговори за да виде дека не било негова вина. Потоа извини се и замини си. Засрами се.“

Според одделот здравје на САД, во 2016-та година дури 57.329 деца биле жртва на сексуално насилство. Ефектот од ова насилство често предизвикува долготрајни промени во менталното здравје. На пример, едно истражување во кое учествувале жени покажало дека жртвите на силување имаат околу 4 пати поголеми шанси да покажат симптоми на зависност од дрога, 4 пати поголеми шанси да искусат посттрауматски стрес, а околу 3 пати поголеми шанси да имаат сериозна депресија.

Погледнете ги и овие моќни фотографии што ја подигаат свеста за жртвите на сексуално насилство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар