Девојка почнала да прави селфиња со сите мажи кои ѝ довикувале и свиркале на улица
Жените најмногу од сѐ мразат кога мажите им довикуваат и свиркаат на улица. На 20-годишната студентка Ноа Јансма од Амстердам ѝ се смачило да ги слуша постојаните дофрлувања и решила да направи нешто во врска со тоа. Во септември таа направила селфи со секој маж што ѝ се „пуштил“ на улица и ги објавила на Инстаграм, притоа наведувајќи ги и нивните зборови.
Па, што ни откриваат нејзините фотографии? На нив се забележува очигледната разлика помеѓу бесрамните насмевки на довикувачите и изморениот израз на лицето на Ноа. Тоа ни докажува колку се чести, реални и непријатни ваквите искуства со кои жените од целиот свет секојдневно се соочуваат. Но, девојката овој пат ги надмудрила со тоа што ги документирала нивните постапки и ги објавила јавно за да може сите да ги видат. Иако нејзиниот експеримент завршил, таа отворила профил на Инстаграм под името @dearcatcallers, со надеж дека ќе се отвори дискусија за овој проблем што ги измачува жените.
Од 1-ви јануари, 2018 година довикувањето и свиркањето на улица ќе бидат казнувани со закон во Холандија, а прекршителите на законот ќе треба да плаќаат казни во износ од 190 евра. Доколку овој храбар проект на Ноа стекне уште поголема популарност, можеби повеќе држави ќе решат да го воведат истиот закон.
Продолжете на следната страница за останатите фотографии…