Девојка побарала совет од Твитер откако дечко ѝ ја критикувал за телото – одговорите ќе ве изненадат!

Девојка побарала совет од Твитер откако дечко ѝ ја критикувал за телото – одговорите ќе ве изненадат!

Едно од најлошите искуства што можете да преживеете е кога ќе се чувствувате лошо или виновно за начинот на кој изгледа вашето тело. Кога овие негативни чувства ќе бидат предизвикани од страна на личноста што треба да ве сака и поддржува, може дури и да чувствувате бодежи во срцето. Токму тоа ѝ се случило и на Шелби Џонсон, која всушност има историја со претерано ниска телесна тежина за висината. Тоа е и причината поради која таа чувствувала победа откако стигнала до 55 килограми, но за жал нејзиното момче не го чувствувало истиот ентузијазам.

(1) devojka-pobarala-sovet-od-tviter-otkako-dechko-i-ja-kritikuval-za-teloto-odgovorite-kje-ve-iznenadat-www.kafepauza.mk

По еден непријатен разговор со нејзиниот дечко, каде што тој ѝ велел дека нејзиниот стомак е поголем од нејзиниот и дека е време малку да ослаби, таа решила да побара совет од Твитер за како да се справи со целата ситуација. Шелби дури се почувствувала толку несигурна во својата кожа што испратила и фотографија од себе прашувајќи го онлајн светот дали навистина е дебела и дали, како што рекол нејзиниот дечко, има „пивски стомак“.

(2) devojka-pobarala-sovet-od-tviter-otkako-dechko-i-ja-kritikuval-za-teloto-odgovorite-kje-ve-iznenadat-www.kafepauza.mk

„Дали претерувам затоа што се чувствувам повредена од ова? Целосно сум збунета и не можам воопшто да разберам како некој што вели дека ме сака може да го каже ова“, пишувало над објавата со фотографијата.

Нејзиниот твит брзо станал вирален и Шелби добила неверојатен прилив на љубов, поддршка и совети од илјадници луѓе, вклучувајќи ги и коментарите од неколкумина што ѝ велеле да го „откачи“. Прочитајте ги нивните одговори во продолжение и потсетете се дека ние сме многу повеќе од нашето тело и дека е важно тоа што го имаме во себе, а не тоа што е околу нас.

„Совршена си, мала. Јас имам 56 килограми и со години не сум се променил, а машко сум. Одлична си!“

„Раскини му. Ти се слатка, а тој идеализира нездрава верзија од тебе.“

„По ѓаволите со него. Оттргни се побрзо пред да ти го отруе умот со неговите токсични глупости.“

„Фрли го тој дечко и најди си некој што ќе ти го сака телото такво какво што ти е.“

„Душо, јас бев на твое место. Тој ме тераше да трчам на лента додека плачев и имав напади на паника. Отиди си веднаш. Те молам.“

„Можам да ти кажам точно колку треба да ослабиш откако тој ќе се качи на вага.“

По безбројните позитивни коментари и еден искрен разговор со нејзиниот терапевт, Шелби одлучила да раскине со својот дечко. И не само тоа. Кога тој ги видел сите коментари сфатил дека згрешил и дека немал право да ѝ го зборува тоа. Иако тие веќе не се заедно, тој ѝ ветил дека ќе стане подобра личност и дека веќе никогаш нема да го каже тоа на друга девојка.

Таа сега се чувствува многу подобро и знае дека нејзиното тело е совршено такво какво што е. Исто така и се шегува за целата споделувајќи фотографии со маска на лицето и нејзиниот „пивски стомак“, велејќи дека е горда затоа што препознала лоша врска во првите 2 месеци и веднаш ставила крај на неа.

(3) devojka-pobarala-sovet-od-tviter-otkako-dechko-i-ja-kritikuval-za-teloto-odgovorite-kje-ve-iznenadat-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар