Девојка ненадејно добила амнезија, па нејзиното момче одново ја натерало да се заљуби во него
Откако му била дадена втора шанса, Бишоп го посветил неговото време на оживување на нивната љубов, така што поминувал време со неа, ѝ раскажувал приказни и ја потсетувал на нивни заеднички работи. До сега, неговиот план добро оди.
„Не се сеќавам на првиот пат кога се заљубив во Рич, но се сеќавам на вториот“, изјавила девојката.
Џесика со месеци живее со амнезија, но таа сѐ уште не се сеќава на ништо и вели дека е тешко да се изгуби 19-годишно искуство.
Иако можеби никогаш нема да ја врати својата меморија, таа е во можност да научи за нејзиното минато благодарение на трпеливоста и упорноста на нејзините сакани, особено на момчето – Рич.
Иако лекарите велат дека постои можност таа повторно да заборави сѐ, Џесика не е исплашена за судбината на нејзината врска.
„Рич беше во можност да направи да се заљубам во него два пати, па знам дека тој може да го направи тоа повторно, доколку има потреба.“