Девојка ги споделува сите чудни (и урнебесни) нешта што нејзиното момче ги кажува во сон

Девојка ги споделува сите чудни (и урнебесни) нешта што нејзиното момче ги кажува во сон

Момчето на Кејтлин често зборува во сон, па таа го направила тоа што секој човек при здрав разум би го направил – ги напишала сите глупости што тој ги зборел во неговиот сон на социјалните мрежи! И мора да признаеме дека е најдоброто нешто што сме го прочитале во последно време. Погледнете и самите…

Класичен сон

„Не можам да паднам на испитот… не сум на факултет!!!“

Ова изгледа сон што сите го имале. Вие пропуштате тест затоа што доцните или затоа што едноставно не сте на вистинското место.

Цврсто мислење

„Но, јас сакам да бидам Мери Попинс.“

Се прашуваме дали ова е под влијание на најавата дека Емили Блант ќе биде новата Мери Попинс. Таа е одлична, но сигурни сме дека овој маж ќе беше многу подобар избор!

Целосен кошмар

„Не ми ги земај прстите на нозете. Што правиш?“

Можете ли да замислите некој едноставно да ви ги земе прстите?

Став за време на спиење

– „Кејтлин, дрвјата доаѓаат.“

– „Зошто?“

– „Ти изгледам ли како да знам?“

Кејтлин поставила сосема разумно прашање, нема потреба од ваков одговор во сон.

Храбра изјава

„И како што знаеш, јас сум Хаваи!“

Ох, навистина? Ти си државата Хаваи? Не веруваме…

Најдобриот сон досега?

„Куче, престани да леташ и легни малку.“

И ние би сакале да сонуваме дека кучињата летаат. Тоа би било одлично!

Вториот најдобар сон досега

„Каде ми се палачинките, пингвину?“

Појадок со палачинки придружен со пингвини – сè што сакате на едно место!

Сериозен разговор

– „И тогаш станува нешто слично…“

– „Што?“

– „На зајаци. Слушај ме!“

Кејтлин, зошто не го разбираш ова? Не заостанувај.

Добро прашање

„Зошто не јадам пица во моментов?“

И ние мислиме на истото. Секојдневно…

Необична ситуација

„Не му дозволувајте на Марио да победи. Барем не со гвакамоли!“

Веќе можеме да замислиме видео игра во која Марио прави гвакамоли…

Сарказам во сон

„Ооо, постапи правилно. Горд сум на тебе. НЕ!“

Една од најпосебните способности е да бидете саркастични во сон.

Тивка молба

„Не знам што по ѓаволите да ти кажам мачору, но нема да го направиш тоа.“

Да, мачките навистина се најлоши. Ние го знаеме тоа, вие го знаете тоа, дури и човеков што спие го знае тоа…

Нефер закана

„Пеперутко, направи голема грешка што помина пред мене.“

Освен ако не е џиновска пеперутка што јаде луѓе, не е фер битка.

Апокалипса?

„Ох, не… не на источната страна…“, правејќи звуци на експлозии.

Обожаваме што тој прави сопствени звучни ефекти во сон.

Дали и вие познавате некој што зборува во сон? Споделете ги разговорите со нас…

Прочитајте ги и најморничавите работи кои ги кажале децата додека спиеле!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар