Детските сфаќања за љубовта
Неколку експерти на група дечиња на возраст од 4 до 8 години им го поставиле прашањето „Што е љубов?“ Нивните одговори биле подлабоки отколку што можете да претпоставите.
„Баба ми има артритис и не може повеќе да се наведнува за да си ги лакира ноктите на нозете. Затоа дедо ми ѝ ги лакира ноктите цело време, иако и тој има артритис на рацете. Тоа е љубов“ – Ребека, 8 години.
„Кога некој те сака, начинот на кој го кажува твоето име е поинаков. Така знаеш дека твоето име е на сигурно во нивната уста“ – Били, 4 години.
„Љубовта е она што прави да се насмееш кога си уморен“ – Тери, 4 години.
„Љубов е кога мајка ми му прави кафе на татко ми и го пробува пред да му го даде за да види дали е вкусно“ – Дени, 7 години.
„Љубов е кога се бакнувате цело време. Кога ќе се уморите од бакнување, сакате уште да сте заедно и да разговарате. Мајка ми и татко ми се такви. Грозни се кога се бакнуваат“ – Емили, 7 години.
„Љубов е она што се наоѓа во собата на Божиќ во моментот кога ќе престанеш да ги отвораш подароците и само ќе слушаш“ – Боби, 7 години.
„Ако сакаш да научиш подобро да љубиш, треба да почнеш да учиш со некој пријател што го мразиш“ – Ника, 6 години.
„Љубов е кога на некое момче ќе му кажеш дека ти се допаѓа маицата, а тој ќе почне да ја носи секој ден“ – Ноел, 7 години.
„Љубовта е како старица и старец кои сè уште се пријатели иако многу добро се познаваат“ – Томи, 6 години.
„Кога бев на сцената за мојот настап со пијано бев многу исплашена. Погледнав кон луѓето што ме гледаа и го видов татко ми како ми мавта со раката и се смее. Само тој правеше така. И веќе не се плашев“ – Синди, 8 години
„Љубов е кога мама му го дава на тато најубавиот дел од кокошката“ – Илејн, 5 години.
„Љубов е кога мама го гледа тато испотен и како мириса на пот и му вели дека е позгоден и од Роберт Редфорд“ – Крис, 7 години.
„Љубов е кога кученцето те лиже по образот иако си го оставила цел ден да биде само“ – Мери Ен, 4 години.
„Јас знам дека мојата постара сестра ме сака затоа што ми ја дава нејзината облека и потоа мора да оди да си купи нова“ – Лорен, 4 години.
„Кога сакаш некого трепките ти одат горе-долу и од тебе излегуваат мали ѕвездички“ – Карен, 7 години.
„Љубов е кога мама го гледа тато додека е на веце-шолјата и не мисли дека тоа е одвратно“ – Марк, 6 години.
„Не треба да велиш ‘те сакам’ ако не го мислиш тоа. Но ако го мислиш треба многу да го кажуваш. Луѓето забораваат“ – Џесика, 8 години.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.