Детаљ кој сите ќе го забележат: Направете сами цветни очила за сонце!

Детаљ кој сите ќе го забележат: Направете сами цветни очила за сонце!

Дали некогаш сте го гледале светот низ цветни очила за сонце? Доколку не сте, сега е вистинска прилика, бидејќи ви даваме идеја како сами да направите потполно неодоливи очила за сонце во облик на цвет и тоа за само 5 минути. Подобар пролетен изглед не можете да замислите!

1-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

Потребен материјал:
  • Заоблени очила за сонце
  • Супер лепило
  • Пена картон во боја
  • Ножички
  • Молив

2-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

Начин на изработка:

1. На листовите во избраната боја со помош на молив нацртајте цвет. Потребни ви се два цвета со иста големина.

3-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

2. Кога ќе ги цртате цветовите, поставете ги очилата на листот, така што внатрешноста на цветот да биде еднаква со стаклата од очилата. А потоа, исечете ги цветовите со помош на ножички.

4-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

3. Овој картон не е едноставен за сечење, но доколку ножиците се доволно остри, а вие доста внимателни, не би требало да има никакви проблеми.

5-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

4. Следен чекор е да нанесете супер лепило на едната страна од цветот, а потоа да го залепите на рамката од очилата. Истото направете го и со вториот цвет.

6-detalj-koj-site-ostanati-kje-go-zabelezhat-napravete-sami-cvetni-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_

Пролетните очила за сонце се готови. Пред да ги ставите, задолжително почекајте лепилото да се исуши.

Не заборавајте да ги носите со соодветен пролетен фустан. Зошто не би им покажале на сите колку сте позитивни и весели, носејќи баш вакви очила за сонце?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар