Дестинации од бајките

Дестинации од бајките

Дали е сон или реалност? Овие места ќе ве натераат да се запрашате дали сте стапнале на место од магија и фантазија или сè уште цврсто стоите на земјата. Со нереална природа, незамисливи пејсажи и архитектура од бајките, овие дестинации со сигурност ќе ве одведат далеку од секојдневната монотона реалност.

Колмар, Франција

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Сликовитиот Колмар во Франција се смета за најубавиот град во Европа. Тој изгледа како буквално да произлегол од некоја бајка. Овој мал град е познат не само како магично колоритен стар град, туку и како градот на виното. Бидејќи во него владее сончева микроклима, тој е вториот по ред најсув град во Франција, што го прави одличен за производство на вино.

Фарски Острови

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Градбите на овие острови кои наликуваат како сцена од познатиот филм „Господарот на прстените“ ќе ве натераат да помислите дека тука живеат хобити и џуџиња. Тие се наоѓаат на половина пат помеѓу Исланд и Норвешка, во срцето на Голфскиот залив во Северниот Атлантик. Фарските Острови се одликуваат со прекрасни и драматични пејсажи од вулкански врвови и океански бранови кои удираат на карпестите брегови. Магичните и мистериозни предели на овие острови изгледаат многу поблиску до фантазијата отколку до реалноста.

Замокот Нојшванштајн, Германија

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Можеби ви изгледа на замок создаден од Дизни, каде што владее некоја каприциозна принцеза. Но, и покрај неговиот магичен изглед, замокот Нојшванштајн е многу повеќе поврзан со реалноста отколку што некој би можел да си претпостави. Тој бил конструиран од страна на Лудвиг II во 19-ти век и за тоа време бил револуционерна градба: имал вода и тоалети со автоматско пуштање вода на секој кат, како и систем за греење.

Кападокија, Турција

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Ако постоеше бајка за маѓепсана земја, тогаш дефинитивно ќе изгледаше како Кападокија. Овој неверојатен регион се наоѓа во центарот на Турција и е познат по грнчарството и уникатните формации на карпите во кои антички луѓе ги издлабиле своите домови и цркви.

Хои Ан, Виетнам

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Ако некогаш имате можност да го посетите Виетнам, тогаш Хои Ан мора да биде меѓу првите дестинации на вашата листа. Овој разнобоен, магичен и прекрасен мал град е дом на повеќе фенери отколку луѓе. Ситуиран на брегот од Јужното Кинеско Море, овој град некогаш бил многу важно пристаниште и трговски центар. Но, денес го посетуваат илјадници туристи кои не можат да одолеат на неговиот бајковиден шарм. Одличната атмосфера во Хои Ан во комбинација со несекојдневната гостопримливост и архитектура од бајките го прави еден од најнеобичните дестинации во југоисточна Азија.

Гренланд

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Зачуван, далечен и возбудлив, Гренланд е земја на дивина, несовладливи патеки, сирови пејсажи и глетки од кои ќе ви „падне вилицата“. Скоро без никакви дрвја, патишта и луѓе, овој остров изгледа како да е населен од митолошки суштества. Но, и покрај тоа што е студен и суров, Гренланд е место каде што владее незаборавна атмосфера која ја „греат“ магични аурори и колоритни куќи.

Венеција, Италија

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Со Венеција тешко кое друго место може да се натпреварува. Таа поседува архитектура за пофалба, уникатни канали, фантастични глетки и извонредна атмосфера какви што не можете да најдете на друго место. Венеција била прогласена за „несомнено најубавиот град изграден од човекот“ од страна на Њујорк Тајмс.

Катманду, Непал

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Прекрасен и спиритуален, главниот град на Непал, Катманду е навистина магично место. Опкружен со моќни планини, овој град е исполнет со магична атмосфера, егзотични звучи и миризби како и со фасцинантни храмови. И покрај тоа што Катманду е најголемиот град во државата, тој го зачувал својот бајковиден шарм. Познат и како „Земјата на Боговите“ Катманду воопшто не изгледа како дестинација од планетата Земја.

Бамбусовата шума, Јапонија

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Оваа шума е само еден пример од стотиците неверојатни шуми кои го покриваат југоисточниот регион во Азија. Бамбусот игра голема улога во многу Азиски култури – тој е симбол на долговечност во Кина, симбол на пријателство во Индија, а во Јапонија многумина веруваат дека Бамбусовата шума е свето место кое не му дозволува на злото да пристапи.

Синтра, Португалија

Дестинации од бајкитеДестинации од бајките

Секој кој го посетил ова магично место, кое се наоѓа во близина на Лисабон ќе се согласи дека бил охрабрен да создаде поема во чест на доблестите на Синтра. „Pena Palace“, „Castelo dos Mouros“ и „Palácio Nacional de Sintra“ се трите неверојатни замоци кои додаваат бајковиден шарм на овој град, а планинскиот венец Синтра е еден од најголемите паркови во областа Лисабон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар