Дестинации обвиени со митови и легенди
Некои места со себе носат одредени мистерии, други се создадени за потрага по душевен мир, па затоа митовите и легендите од минатото сè уште се асоцијација за нив.
Чичен Ица, Мексико
Храмот на богот Кецелкоатл во Чичен Ица всушност е најголемиот календар во светот. Секоја од четирите страни има по 365 скалила, а на есенската и пролетната рамноденица формира сенка во облик на змија.
Велигденски Острови
За научниците не е познато како големите скулптури на Велигденските Острови, наречени Моаи, се распоредиле на островите. Легендата вели дека некогашниот крал на островите имал магични моќи, па кога ќе им наредел на скулптурите да одат каде што треба, тие веднаш постапувале по неговата желба.
Ангкор Ват, Камбоџа
Овој будистички храм е најголемиот религиозен објект во светот. Изграден е во чест на богот Вишну, па бил седиште на Кмерската Империја, за потоа да биде сосема напуштен. Мочуриштата околу него не дозволиле да се загуби во џунгла, па затоа кога бил повторно откриен во шеснаесеттиот век сè уште бил во добра состојба.
Статуата на Исус Христос, Рио де Жанеиро
Иако првата асоцијација за Рио де Жанеиро е хедонизмот, огромната статуа на Исус на една од соседните планини го прави овој град привлечен и за верниците кои бараат духовен мир.
Гиза, Египет
Пирамидите во Гиза, Египет, ќе бидат обвиени во мистерија сè додека научниците не најдат соодветно објаснување како луѓето во тие дамнешни времиња успеале да изградат такви масивни храмови. Познато е дека старите Египќани биле одлични математичари, но и понатаму се појавуваат разни теории кои се обидуваат да ги демистифицираат импозантните градби.
Мачу Пикчу, Перу
Изгубениот град на Инките бил пронајден во почетокот на дваесеттиот век, а претходно неговото постоење било само легенда. Не е познато кога точно бил напуштен.
Петра, Јордан
Петра е преубав магичен град изграден во карпи. Личи на некоја локација од бајките, а е изграден во шестиот век п.н.е. од некое локално племе, наречено Набатеанци.
Стоунхенџ
И Стоунхенџ е обвиен со многу митови и легенди од причина што науката сè уште се мачи да најде објаснување за тоа како овие огромни камења се донесени овде и кој и како ги наредил.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.