Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Глобалното затоплување и покачувањето на нивото на водата, можат да бидат сериозна закана за светот, особено за следниве области кои до 2100 година можат да исчезнат од лицето на земјата.

Карибите

Еден од најубавите пацифички архипелази, Карибите, кој се состои од 33 острови, е еден од најзагрозените токму поради постепеното подигнување на нивото на водата.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Бангладеш

Секоја година поради обилните дождови барем една четвртина од територијата на оваа земја е потполно под вода, а понекогаш се случува дури и 60% од територијата да биде поплавена. Клучен проблем е тоа што најголемиот дел од оваа земја е само 4,5 метри над морското ниво.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Малдивите

Малдивите со сигурност се една од најпознатите туристички дестинации кои се наоѓаат на оваа листа. Поради својата популарност, досега на Малдивите им се посветува најмногу внимание, кога станува збор за опстанокот на ова мало парче рај.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Палау

Овој идиличен пацифички остров секојдневно е жртва на морето кое нагризува, создавајќи ерозија и уништувајќи го неговото плодно земјиште. Со ова најмногу страдаат мештаните бидејќи се загрозува нивниот опстанок на ова место.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Тувалу

Според многу извештаи Тувалу е најизолираната земја на планетата, што ја прави вистинско место за уживање. Но, колку ситуацијата со поплавувањето е сериозна говори и изјавата на еден советник од владата на САД, кој вели дека доколку локалното население не почне да гради куќи на високи столбови, може слободно да почне со иселување од земјата.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Мајами

Се предвидува дека нивото на водата на Флорида во наредните 20 години ќе порасне за повеќе од 20 сантиметри, а до 2100 година од три до пет метра. Некои прогнози говорат дека голем број луѓе ќе бидат принудени да се иселат од своите домови.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година

Шангај

Шангај се разви како метропола најмногу поради неговото излегување на вода, но поради тоа во иднина може да има големи проблеми. За заштита од поплави и реновирање на комплетната инфраструктура градските власти веќе инвестираа многу милијарди долари, со цел да биде избегната катастрофа.Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Христина Reply

    Венеција…. Холандија

  2. Skimo Reply

    ete, gi ispustile vo ovoj tekst no toa neznaci deka tie a i drugi mesta i zemji se izzemeni od ovaa pojava.

Остави коментар