Десетте изгубени светови и цивилизации

Десетте изгубени светови и цивилизации

Од многу одамна и пред многу векови се создале голем број приказни и легенди за исчезнати градови и светови, кои не се поврзани само со настанокот на една цивилизација, туку и со настанокот на целиов свет. Во следниов текст ќе можете да прочитате за 10 легенди, почнувајќи од кралот Артур до легендата дека земјата е шуплива.

Островот Авалон на кралот Артур

Авалон е остров на кој кралот Артур отишол да си ги лечи раните после последната битка и на кој умрел. Но според оваа легенда, тој всушност не умрел, туку е во длабок сон чекајќи на Велика Британија да ù биде потребна моќта на неговиот меч Ескалибур.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Претпоставките која е локацијата на овој остров се различни. Некои тврдат дека станува збор за  ридот Гластонбери Тор, на кој локалните монаси од 12-от век ги пронашле коските на кралот Артур и на неговата жена Гвиневир, како и неговиот меч. Се споменуваат и многу други локации низ Велика Британија, но и на Исланд.

Ветениот златен град Елдорадо

Шпанските освојувачи кои во средината на 16-от век го ограбувале новиот свет, биле сведоци на една невообичаена глетка. Водачот на племето Муиска, кој живеел во близина на денешна Богота, престолнината на Колумбија, за време на церемонијата за иницијација, се посипал со златен прав и скокнал во езерото Гватавита. Ова им ја разработела фантазијата на Шпанците, па така ја создале легендата за златниот град Елдорадо.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Иако тие целосно ја опустошиле територијата на племето Муиска, тие не го пронашле златниот град кој е наречен според поглаварот кој рипнал во езерото. Оваа легенда привлекува огромен број туристи, авантуристи и трагачи по злато. Водени од овој мит, голем број истражувачи го бараат Елдорадо на неколку локации во Централна и Јужна Америка.

Митскиот словенски остров Бујан

Овој мит е поврзан со словенскиот остров Бујан, кој според легендата се појавува и исчезнува, нешто слично на оној остров од серијата „Изгубени“. Во една верзија, од овој остров почнуваат сите временски прилики, според друга, таму почиваат духовите на вечниот живот, чиј души се заробени. Географската реконструкција на митот ги навела некои научници да тврдат дека станува збор за фиктивна верзија, на веќе постоечкиот остров Риген на Балтичкото море во Германија.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Земјата на вистинскиот мир, Шамбала

Тибетските и индиските будистички текстови ја претставуваат Шамбала како земја на вистинскиот мир, скриена во зелениот планински предел на Хималаите. Со овој мит, западниот свет првпат се сретнал во 17-от век, а потоа почнале и првите експедиции во ова непристапно подрачје.  Според некои, оваа утописка долина се наоѓа во Кина, а според други во Казахстан. Во нејзина потрага се вклучила и тајната полиција на Советскиот Сојуз во 20-тите години од минатиот век.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Најпознатиот загубен град, Атлантида

Платон го опишал островот Атлантида како поморска сила, која околу 9000 година пред нашата ера, го содржела поголемиот дел од западна Европа и Северна Америка, а која за само еден ден исчезнала под морското ниво. Иако уште во времето на Платон, приказната за Атлантида се сметала само за мит, во денешно време таа привлекува големо внимание.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Според некои истражувачи, текстот на Платон не е добро преведен и се работи за 900 година од пред нашата ера, кога Минојската цивилизација на Крит била уништена од цунами. Мината година Атлантида, наводно беше лоцирана во јужниот дел на Шпанија.

Изгубените цивилизации Му и Лемурија

Пред откривањето на тектонските плочи, научниците во 19-от век верувале дека исчезнатите континенти им овозможувале на луѓето и животните да мигрираат преку океаните. Лемурија, наводно се наоѓала од јужниот дел на Индија до Мадагаскар, додека Му бил лоциран кај полуостровот Јукатан во Атлантскиот океан. Иако сфаќањето за функционирањето на тектонските плочи практично ги поништило сите стари теории, приказните за цивилизациите Му и Лемурија остануваат и до денешен ден.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Францускиот град под морското ниво, Ис

За време на создавањето на француската држава, владата во Париз со сила ја спроведувала централизацијата. Во провинцијата Бретања не само што се покачиле даноците, туку имало и обид во целост да бидат избришани локалниот јазик и културата. Така во пресрет на рецесијата, легендата станала многу популарна.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Според неа островот Ис наводно бил еден од најбогатите градови во светот, изграден под морското ниво на крајбрежјето на оваа област. Градот  бил заштитен со брана, се додека владетелот Дахут не бил измамен од страна на ѓаволот за да ја отвори пората. На тој начин островот бил целосно поплавен.

Фантомскиот остров Бермех

На старите мапи, често се нацртани острови и предели кои денеска не можат да се лоцираат. Некои од „фантомските острови“ се најверојатно продукт на лошата работа на географот, додека за некои други, како за островот Бермех, владее мислење дека се појавил и исчезнал поради неприродни фактори. Според старите мапи, тој се наоѓал во Мексиканскиот залив, а теоретичарските завери велат дека САД го разнеле островот, за да ги спречат мексиканските власти да имаат сопственост над подводните извори на нафта.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Јужната земја

Ова е еден митски континент, за кој на крајот се потврдило дека постои. Од времето на Аристотел па наваму, западните мислители имаа теорија дека постои јужна континентална маса. Морепловците ја барале земјата која ги поврзувала сите јужни краеви на веќе познатите континенти. На крајот Австралија го добила името „јужна земја“, а во 1820 година, една руска експедиција го открила Антарктик.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Царството на подземниот свет, Шупливата земја

Ширум светот различни култури шират приказна за „Шупливата земја“. Станува збор за подземен свет, во кој може да се влезе само од одредени точки на планетата, како што се пролазите на Северниот и јужниот пол и планинските пештери во Алпите.

Десетте изгубени светови и цивилизации

Едмонд Халеј, според кој е крстена и Халеевата комета, ја изнел теоријата дека во внатрешноста на „Шупливата земја“ се наоѓаат неколку концентрични слоеви кои се движат со различни брзини и во различни атмосфери.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар