Денот на калта во Мичиген
На 12 јули, околу 5.000 луѓе се собраа за да го прослават 24-тиот по ред, ден на калта во Вестланд, Мичиген. Повеќе од 200 тони земја и околу 75.700 литри вода биле помешани за да се создаде огромен базен од кал, во кој многу деца, но и возрасни поминале два часа забавувајќи се.
Настанот имал многу изненадувања, а се одржале и натпревари во „Лимбо“ (игра во која треба да се навалиш наназад и да ја поминеш границата, која ја одредува некој што држи стап) и трка со работнички колички. Ноќта биле прогласени и кралот и кралицата на калта.
——————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Интересноо! 🙂