Деца сме сè додека не наполниме 24 години?!

Деца сме сè додека не наполниме 24 години?!

Иако законски, за возрасни се сметаме кога полниме 18, во некои земји 21 година, сепак научниците тврдат дека всушност остануваме деца сè до 24-тата година од животот. Според тврдењата на експертите од Универзитетот во Мелбурн, човечкиот мозок се развива сè до 24-тата година, што дава објаснување зошто повеќето млади луѓе се однесуваат многу детски и незрело.

Деца сме се додека не наполниме 24 години?1

Научниците тврдат дека младите луѓе и адолесцентите со наполнети 18 години, смеат да возат, сами одлучуваат дали ќе пушат цигари или дали ќе пијат алкохол, а последица од овие работи е високата стапка на смртност на таа возраст.

Младите луѓе сè до средината на третата декада од својот живот не ги разбираат последиците од водењето бурен живот, вечерните заглавувања, експериментирањето со наркотици и алкохолни пијалаци, менувањето партнери, лудото возење по улиците и слично.  Затоа научниците предупредуваат дека на ваквите работи треба да се обрне повеќе внимание, бидејќи младите се оние кои ја носат енергијата, инвентивноста, продуктивноста и меѓучовечката толеранција.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар