Дебелка девојка танцува како да ќе нема утре
Витни Тор покажува дека бројот на килограми нема никаква врска со способноста за танцување. Таа почнала да танцува од 4 години, а веќе на 16 држела часови во студио за танц. Но, кога заминала на факултет, почнала нагло да се дебелее. По дипломирањето ѝ бил дијагностициран синдром на полицистичен јајник, после што се преселила во Јужна Кореа и се здебелила 90 килограми. Таа и понатаму продолжила да танцува по клубови, но не ни помислувала професионално да се занимава со танц.
Витни работи како блогерка и радио продуцентка, а идејата да започне да ги споделува своите видеа во кои енергично танцува е на нејзиниот колега од утринското шоу Џеред и Кејти.
Таа е и иницијатор на кампањата „Тело без срам“ преку која се труди да ги инспирира другите девојки да се прифатат такви какви што се.
Нејзините видеа на Јутјуб ги споделува со изразот A Fat Girl Dancing (Дебела девојка танцува).
„Учам да се сакам себеси. Имам живеено како жена од 59 килограми и како жена од 150 килограми во Америка, Европа и Азија. Културните норми, притисоците, општеството и каприците на модната индустрија не ја дефинираат мојата вредност како жена или како човечко суштество“ – пишува Тори на нејзиниот сајт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
lele srcka…dobro e cim se saka i uziva vo svoeto telo…inace mozam da i go zamislam zivotot vo Juzna Korea =]] tamu site se do maksimum 60 kila…reklami od slabi kpop idols nasekade..lugeto tamu imaat odredeni normi za ubavina a ako si debel kje ti go kazat toa vo faca. Da kje ti recat hmm debel si treba da oslabes, i nema niso sramno vo toa isto kako sho prasuvaat kolku godini imas hahah