Дали знаете зошто мачките мразат вода?

Дали знаете зошто мачките мразат вода?

Постојат неколку причини зошто мачките упорно избегнуваат вода иако нивните поголеми роднини, како што се тигрите и леопардите, со задоволство скокаат во водата за да се изладат или да фатат плен.

Дали знаете зошто мачките мразат вода?

Кога мачката е водена, нејзиното крзно е потешко, постудено и понепријатно. Освен тоа, потребно е многу време за да се исуши.

Но, постои уште една причина. Мачките се брзи суштества и се вешти во скокањето и во одржувањето рамнотежа. Ако се во вода, тие чувствуваат дека ја губат контролата бидејќи таа ги забавува. Само по едно такво негативно искуство, вашата мачка нема да сака вода.

Мачките се многу чисти животни и речиси половина од денот го поминуваат лижејќи го крзното. Не е во нивната природа да се капат, па може да почувствуваат страв од вода затоа што таа е всушност нешто непознато за нив.

Како и со сè друго непознато, почетната реакција може да биде страв. Но, понекогаш мачките ја избегнуваат водата поради мирисот на хемикалии што го чувствуваат во неа.

Зошто мачките сакаат да играат со млазот вода од чешма?

Ако веќе не сакаат вода, зошто сакаат да играат со млазот вода што тече од чешмата? Во овој случај, мачката ја има контролата, а млазот вода ѝ е интересен бидејќи се движи и прави врева, а тоа ја потсетува на плен или на играчка.

Сепак, некои видови мачки немаат проблеми со водата, како што е бенгалската мачка. Тие имаат различна текстура на влакното што ги прави поотпорни на вода и не чувствуваат непријатност, а честопати дури и уживаат во пливањето.

Прочитајте зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар