Дали знаете која е разликата помеѓу кашмирот и волната?

Дали знаете која е разликата помеѓу кашмирот и волната?

Кога температурите надвор почнуваат да паѓаат нагло, сите сакаат да облечат нежен и топол џемпер. Ако сте решиле да ја обновите вашата зимска гардероба и барате нови џемпери, има низа работи што треба да ги имате предвид при купувањето. Тие всушност одредуваат дали на крајот ќе дадете мало богатство за хемиско чистење на џемперите или уште полошо, тие ќе се растегнат по првото перење. Со други зборови, како да знаете кој материјал да го изберете кога станува збор за изборот на џемпер? Денес ќе направиме споредба помеѓу двата најголеми ривали во светот на џемперите – оние од кашмир и оние од волна.

Дали знаете која е разликата помеѓу кашмир и волна?

Која е разликата помеѓу кашмирот и волната?

Повеќето луѓе ја поврзуваат волната со мекото крзно на овците. Иако овците се главниот „извор“ на волна, таа можат да потекнува и од кози и алпаки. Од друга страна, кашмирот се однесува на далеку поспецифични животински влакна. Овој мек материјал се добива од кашмирски кози, раса што е специфична за пределот на Хималаите. Со цел да ги преживеат ниските температури, влакната кај овие кози растат надолу, што им обезбедува максимална заштита од ветер, снег и дожд.

Ако се прашувате кој материјал ќе ви даде повеќе топлина во студените денови, одговорот е всушност дека и двата се подеднакво добри. Од друга страна, бидејќи кашмирските влакна се многу помеки, тие ја задржуваат топлината без голема тежина и робустен изглед, што се карактеристични за волната. Подебелите влакна на волната го прават џемперот потраен, иако е малку погруб. Издржливоста на џемперите изработени од овие два материјали зависи првенствено од квалитетот на волната или на кашмирот.

Чистење на џемперите од кашмир и од волна

Кашмирот и волната имаат различни потреби кога станува збор за чистењето. Меките влакна од кашмирот се почувствителни и бараат поголемо внимание. Ако сте решиле да инвестирате во џемпер од кашмир, ќе ви треба специјален чешел од кашмир. Кашмирот не трпи грешки при чистење и всушност се препорачува ваквите џемпери да се перат колку што е можно поретко. Исто така, кашмирот многу успешно ги одбива мирисите и ја одржува својата форма стабилна со текот на времето, за разлика од волната. Експертите за кашмир советуваат да го оставите џемперот од кашмир во бањата додека се туширате за да може пареата да го исчисти.

Волната е полесна за одржување. Може да се пере во машина за перење на ниски температури и е одличен избор ако барате топло и економично парче облека.

Погледнете го овој едноставен трик за омекнување на џемперот што ве боцка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар