Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Можеби претпоставувавте дека најтешката зграда во светот се наоѓа некаде на Блискиот Исток, или можеби во Јапонија или во САД, но тоа не е така. Ви се верува или не, палатата на парламентот во Букурешт, позната и како Дом на републиката, е официјално најтешката зграда во светот.

Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Доколку размислувате да патувате во Романија, дефинитивно треба да го посетите парламентот. Како што можете да претпоставите, изградбата на таков вид објект чини многу, а Романија не е една од најбогатите земји во светот. Токму затоа оваа зграда е еден од најконтроверзните градежни проекти што некогаш биле реализирани во Романија.

Историја

Познато ни е дека во текот на историјата, луѓето преку големи градежни проекти ја покажувале својата моќ. Тоа воедно служело и како приказ за тоа колку државата е богата и просперитетна за да си дозволи еден таков проект и дека ги има потребните материјали и ресурси. Сепак, во случајот на Романија воопшто не било така. За време на владеењето на Чаушеску, Романија била една од најсиромашните земји во Источниот блок. Тоа не било пречка да се изгради една од најскапите згради во историјата на човештвото.

Инспирација од Северна Кореја

Изненадувачки, приказната за најтешката зграда започнала во Пјонгјанг, Северна Кореја. Романскиот комунистички водич Николае Чаушеску ја посетил Северна Кореја во 1971 година и според одредени извори, бил инспириран од локалната архитектура толку многу што решил да ја пренесе во својата татковина.

Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Во 1977 година, Букурешт доживеал силен земјотрес кој оштетил голем дел од зградите. Според Чаушеску, ова било одлична можност да почне да имитира дел од тоталитарниот архитектонски стил на Северна Кореја. Целиот градежен проект бил именуван како „Проект Букурешт“, а најважниот објект бил токму новиот Дом на Републиката кој имал за цел да направи луѓето да се чувствуваат уште помали во однос на романската
Комунистичка партија.

Изградба

На властите им биле потребни седум години по земјотресот за да ја започнат изградбата. За таа цел, биле срушени зградите во околината, а на повеќе од 40.000 луѓе им било наредено да се преселат пред да се започне со изградбата. Објектот бил дизајниран од романската архитектка Анка Петреску која работела на проектот со тим од 700 архитекти. Изградбата започнала на 25 јуни 1984 година, а финалниот производ била импресивна, необична зграда со елементи од неколку различни архитектонски стилови.

Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Според проценките, повеќе од 30.000 работници работеле на изградбата на палатата. Романската влада, пак, го зголемила својот долг поради финансирањето на градежните трошоци, а тоа претставувало дополнителен финансиски товар на сиромашната држава.

Од што е изграден парламентот?

Во текот на изградбата биле употребени приближно 2 милиони тони песок, 700.000 тони челик и бронза, 500.000 тони цемент и 4.000 тони кристал. За ентериерот биле искористени 220.000 квадратни метри тепих и 4.000 квадратни метри кожа за украсување. Вкупниот трошок за изградба на најтешката зграда во светот во денешни пари е околу 4 милијарди евра.

Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

Откако прочитавте за најтешката зграда во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за „најзелената“ зграда во светот.

Извор: passportsymphony.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар