Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?

Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?

Минатата година Тел Авив беше петти најскап град во светот за живеење. Најновото истражување на трошоците на живот Economist Intelligence Unit покажало дека израелскиот град во моментот е најскапиот град на целата планета.

Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?

Зошто е толку многу скап?

Извештајот за трошоците на живот опфаќа повеќе аспекти. Треба да се земе предвид фактот дека израелската валута, шекел, е многу силна па ги прави повисоки локалните цени кога тие се претвораат во американски долари. Додека просечно зголемување на цените за повеќето намирници било прилично скромно од околу 1,6 %, цените за околу една десетина од стоките нагло пораснаа. Се работи за цени на прехранбени производи, алкохол и транспорт (цените на алкохолните пијалаци во Тел Авив се на второ место на најскапите пијалаци во светот). Се смета дека пандемијата е барем делумно виновна, затоа што придонела за нарушувањето на синџирите на снабдување. Истражувањето функционира на тој начин што ги споредува цените на 200 производи и услуги вклучувајќи ги цените на храната, сметките за комуналните услуги и трошоците за транспорт, во 173 градови низ светот. Тие цени се претвораат во американски долар како централна валута, а потоа се споредуваат.

Кои други градови се на врвот на листата?

Париз и Сингапур го делат второто место, додека минатата година Париз беше на првото место. Досега генерален тренд беше развиените азиски градови и европски метрополи да го заземаат првото место, додека пак северноамериканските и кинеските градови имаат „релативно умерени цени“.

Еве како изгледа листата:

1. Тел Авив
2. Париз и Сингапур
3. Цирих
4. Хонгконг
5. Њујорк
6. Женева
7. Копенхаген
8. Лос Анџелес
9. Осака

Кои се најевтините градови во светот?

Дамаск повторно го задржал своето место за најевтин град за живеење од листата со 173 градови, најмногу поради конфликтите што ја попречуваат сириската економија. Еве ја листата со најевтини градови во светот:

1. Дамаск (Сирија)
2. Триполи (Либија)
3. Ташкент (Узбекистан)
4. Тунис (Тунис)
5. Алмати (Казакстан)
6. Карачи (Пакистан)
7. Ахмедабад (Индија)
8. Алжир (Алжир)
9. Буенос Аирес (Аргентина)
10. Лусака (Замбија)

Откако откривте кои се најскапи, а кои најевтини градови во светот според најновите истражувања, ви препорачуваме да прочитате и кои се најзелените градови во светот.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар