Дали знаете кои се најпријателските земји во Европа?

Дали знаете кои се најпријателските земји во Европа?

Многумина од нас патуваат за да откријат нови култури, да уживаат во прекрасните природни пејзажи и да посетат познати туристички атракции. Но, еден од најважните елементи за незаборавен одмор во друга земја се луѓето. Така, пријателски настроените локални жители можат значително да придонесат за да ја засакаме нивната земја.

Дали знаете кои се најпријателските земји во Европа?

Списанието Condé Nest Traveller ги објави резултатите од овогодинешната анкета за избор на најпријателските европски земји со домаќини кои се секогаш позитивно расположени и подготвени да им помогнат на странците.

Читателите ја избраа Ирска како најпријателската европска држава за 2022 година. Овој резултат можеби и не е така изненадувачки особено доколку се земе предвид фактот дека Ирците се сметаат за најпријателската нација во светот. Освен тоа, Ирска изобилува и со многубројни природни и културни атракции. Една од работите која не смеете да ја пропуштите доколку патот ве однесе накај Ирска е посетата на локалните пабови во Даблин каде ќе имате можност да ги запознаете локалните жители.

На второ место се наоѓа Португалија, а на трето Грција. Покрај честите предрасуди дека луѓето на северот на Европа се „ладни“, дури три земји се најдоа на листата – Исланд, Финска и Данска.

Еве ги првите 10 земји кои се најдоа на листата за најпријателски европски земји според читателите на Condé Nest Traveller:

1. Ирска
2. Португалија
3. Грција
4. Исланд
5. Финска
6. Турција
7. Данска
8. Холандија
9. Италија
10. Шпанија

Откако ги прочитавте резултатите од оваа анкета, можеби ќе сакате да прочитате и која е најучтивата држава во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар