Дали знаете кои се најопасните езера во светот?
Впечатливи на прв поглед, а сепак опасни – ова е нашата листа на озлогласени езера во светот.
1. Езеро Натрон
Езерото Натрон се наоѓа во северниот дел на Танзанија и ако можеби се чини привлечно на прв поглед, сепак се работи за едно од најстрашните езера ширум светот. Водата е многу солена, па така сè што доаѓа во допир со неа може да се „скамени“, како некакво проклетство. Високото ниво на алкалност се должи токму на присуството на сол и минерали, па така езерото и го добило името. Покрај тоа, водата достигнува и температура до 60 степени Целзиусови. Неколку ендемични алги, па дури и неколку видови риби успеале да преживеат во такви екстремни услови. Вреди да се спомене дека околу езерото живеат фламинго птиците кои имаат дебела кожа на нозете, па така можат да ја издржат температурата на водата.
2. Езеро Моно
Езерото Моно во Калифорнија е едно од најстарите и најотровните американски езера. Езерото е полно со отровен арсен, три пати посолено од океанот и е преполно со камени кули, но вреди да го посетите доколку ви се пружи можност затоа што нуди неверојатна глетка. Доказ за тоа дека езерото е опасно е токму промената на биохемискиот состав на микроорганизмите кои го населуваат со цел да преживеат.
3. Карачајско Езеро
Ова мало руско езеро денес е прогласено за едно од најзагадените места во светот со оглед на тоа дека некогаш било депонија за складирање на радиоактивен отпад од фабрика во рамките на Советскиот Сојуз. Се проценува дека отпадниот талог на дното е дебел дури 3 метри. Зрачењето околу пределот на езерото е толку големо што изложеноста од само еден час може да биде смртоносна.
4. Новосибирски Малдиви
Кристално сината боја е таа што му донесе популарност на езерото особено по социјалните мрежи при што го доби прекарот „Новосибирски Малдиви“. Каква тајна се крие зад неговата впечатлива, хипнотизирачка боја и тропска атмосфера на ваква неочекувана локација? Езерото е токсично бидејќи во него се испуштаат отпад и хемикалии од блиската електрана и затоа им е забрането на туристите да се капат во него. Сепак, постојат и такви кои и покрај предупредувањата пливаат во езерото.
Откако прочитавте за најопасните езера во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 10-те најопасни води во светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr